ПОСНА РОЗЕН ТОРТА: Неизбежно „благо залче“ за секоја слава

Припремете вкусна розен торта и израдувајте ги гоститеЗа 5 кори потребно е:
– 150 гр шеќер
– 20 лажици брашно
– 3 шолји масло
– 5 шолји кисела вода
– 1 лажичка сода бикарбона
– 100 гр мед
Доколку сакате подебела кора, зголемете ги состојките за половина.
За фил:
– 250 гр шеќер
– 2 шолји вода
– 2 лажици какао
– 2 лажички ванилин шеќер
– 300 гр мелени ореви
За глазура:
– 200 гр шеќер во прав
– 2 лажици зовриена вода
– екстрат од малина, вишна или јагода
Начин на подготовка:

 
Кори:
1. Помешајте го медот со маслото и киселата вода, додадете шеќер, па потоа брашното помешано со сода бикарбона така што тестото да ви биде малку погусто отколку за палачинки.
2. Во калапот за печење ставете хартија за печење па потоа истурете го тестото.
3. Печете кратко во рерна и штом ќе ја извадите печената кора, одвојте ја од хартијата на која сте печеле.
Фил:
Измешајте 250 гр шеќер со 2 шолји вода, но да не биде многу густо, па додадете ги мелените ореви, какаото и ванилиниот шеќер. 
Измешајте се внимателно и со топлиот фил премачкајте ги печените кори.
Последната кора премачкајте ја со глазура од шеќер.
Глазура:
Изматете 200 гр шеќер со две лажици зовриена вода.
Кога масата ќе се изедначи и ќе почне да пени, додадете неколку капки екстрат од малини, вишни или јагоди. За 5 кори потребно е:
– 150 гр шеќер
– 20 лажици брашно
– 3 шолји масло
– 5 шолји кисела вода

Пронајдете не на следниве мрежи: