Посна солена торта- совршена идеја за вашата посна трпезаСостојки:
За корите:
800- 900 гр брашно
2 мажички сол
1 кесичка прашок за пециво
4 шолјички масло
½ шише пиво (250мл)
100 гр печен сусам
Фил 1
Помал страк праз
1 конзерва туна
Половина тегла шампињони
Пола лажица сенф
2 лажици ајвар сол, бибер, посен мајонез по вкус
Фил 2
450 гр пченка
250г посен кашкавал
2 конзерви туна
5-6 лажици посен мајонез по вкус
Зачини по вкус
Фил 3
250гр варен морков
½ тегла кисели краставички
½ конзерва грашок
½ тегла шампињони
Грст спанаќ (обарен)
Посен мајонез по вкус
Зачини по вкус
И уште…
1 маргарин
Посен мајонез по потеба
Напомена: теглите се од 720гр
Конзервите туна од 180гр
Подготовка:
Корите испечете ги еден ден порано. Направете 6- 8 кори (се препорачува тортата да се прави со три кори, полесно се сече) во плех со големина 30х22см. Растегнете го тестото, префрлете го во плехоти исечете го вишокот, корите не треба да бидат премногу тенки. Печете ги на 180 степени. До филувањето чувајте ги во кеса, лесно се кршат затоа внимавајте.
Од оваа мера ислегуваат две торти!
Доколку сакате торта со 3 кори, од остатокот направете корпици, па полнете ги со салати.
Состојките за филовите прво исецкајте ги, па потоа истнете ги во блендер. На крај додадете 1/3 изматен маргарин и посен мајонез по потреба.
Филувајте по следниот редослед: кора- фил 1- кора- фил2- кора. Ставете тешка книга врз тортата за да се спојат филовите. Следниот ден премачкајте со третиот фил, и на крај украсете со рендан посен кашкавал.Состојки:
За корите:
800- 900 гр брашно
2 мажички сол
1 кесичка прашок за пециво
4 шолјичк