ПОСНО ПИРЕ ОД КОМПИР со исклучителен вкус

 Со оглед на тоа дека посното пире од компир се прави без додаток на млеко и маргарин, најважно е добро да го зачините за поинтензивен вкус.За посно пире од компир потребно ви е:
– 0,5 кг бел компир
1 л вода
½ дл масло
малку сол
3 мали чешниња лук
свежи зачини (босилек, магдонос, нане….по желба)
Бибер во зрна
Подготовка:
Излупете го компирот, и исечкајте го на четвртини. Посолете ја водата и во неа додадете го компирот  и неколку зрна бибер. Варете се заедно на тивок оган додека компирот не омекне.
За тоа време изгмечете 3 чешниња лук и ситно исечкајте ги билките зачини.
Кога компирот ќе биде готов, исцедете го од водата, а потоа толчете го со додавање на масло и лук. Забиберете со свежо мелен бибер, а потоа се промешајте.
На крајот врз пирето ставете свежи билки и послужете додека е се уште топло како додаток на јадењето.
Напомена: Во посното компир пире можете да ставите и парче посен маргарин и сојно млеко.
Најдобри рецепти, совети за здравје, здрава храна, здрав начин на живот, диети и други најчести проблеми, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МКЗа посно пире од компир потребно ви е:
– 0,5 кг бел компир
1 л вода
½ дл масло
малку сол

Пронајдете не на следниве мрежи: