недела, 15 ноември 2026
Најново

Посрамена мајка сторила нешто поради што нејзините деца никогаш повеќе нема да ја повторат ситата глупост

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Киша Смит Вуд ја одвела својата ќерка, синот и ќерката на својот сопруг во кино. Само неколку часа подоцна морала да се извинува преку фејсбук поради нив.Кога се вратиле од кино, синот и рекол дека неговите сестри, 13-годишните девојки биле „непристојни и одвратни“ за време на филмот и „многу некултурни“ кога една жена ги замолила да бидат потивки.
По филмот, жената ги опоменала поради однесувањето, пришла и им рекла дека нејзиниот сопруг е отпуштен и дека тоа бил последниот филм во кино кој ќе може да го приушти за својата ќерка уште долг период, а тие две го уништиле.
Киша одлучила да ја пронајде оваа жена и да и се извини поради однесувањето на своите ќерки „бидејќи непристојното, некултурното и безобразно однесување просто не е во ред“.Таа и нејзиниот сопруг одлучиле да ги натераат девојчињата да напишат писмо за извинување и понудиле да им платат за следното одење во кино.
Пораката ја објавила на својот фејсбук профил, а ова извинување собрало повеќе од 250.000 лајкови. Набрзо, оваа порака почнала да се шири на социјалните мрежи и не поминало многу време додека Ребека Бојд не и се јавила на Киша. Тоа била жената која ги укорила нејзините ќерки во кино.

Ребека напишала дека нејзиното извинување, како и понудата ја довеле до солзи и дека и е драго што се уште постијат добри луѓе на светот. Додала дека не е лута на нив и дека е горда на нивните родители.
„Децата се деца, но драго ми е што имаат од кого да научат лекција“, напишала Ребека.
Киша вели дека нејзините девојчиња биле „посрамени“, но се надева дека ова им било добра лекција и дека повеќе нема да направат такво нешто.
Како што се раширила веста брзо, така се поголем број луѓе прочитале за срамот на ќерките на Киша, но и за маката на семејството на Ребека. Набрзо пристигнала понуда за работа за нејзиниот сопруг.Кога се вратиле од кино, синот и рекол дека неговите сестри, 13-годишните девојки биле „непристојни и одвратни“ за време на филмот и &b

Поврзани вести