Пост-маратонска забава за сите учесници во маратонот I-Bank Store на Стопанска банка

Во духот на спортот и маратонската еуфорија, во желба да се споделат моментите од овие вредни достигнувања, да се поттикне натпреварувачкиот дух и навивачката страст, Стопанска банка АД – Скопје и натаму придонесува кон создавање дух на поддршка и партнерство со сите спортисти и рекреативци, учесници на маратонот.Во 20 часот, по завршување на маратонот, ќе биде организирана забава за сите учесници на маратонот во i-bank store на кејот на Вардар. На забавата, освен бесплатни пијалаци, гостите ќе уживаат во рок забавата на Бени Шаќири и диџеј Гоце Саф, а ќе се доделат и награди, две бесплатни котизации за маратонот во Њујорк.
„Да се поддржува ваков извонреден настан, како Скопски Маратон е наша лична и институционална определба. Нашиот тим на маратонци веќе се подготвува и нивната спортска сила и натпреварувачки дух за нас се голема инспирација. Наша замисла беше да ги поддржиме, охрабриме и мотивираме сите оние што ќе трчаат и им посакуваме многу среќа на сите учесници“ – изјави Милица Чапаровска – Јовановска, Генерален Директор за банкарство на мало и член на Управен одбор на Стопанска банка.
Стопанска банка ќе биде присутна за време на маратонот со свој штанд во паркот „Жена Борец“ како еден од главните спонзори на маратонот, како и со намера да даде поддршка за маратонците и за целиот настан, афирмирајќи го своето мото „На ваша страна“, овој пат на страната на спортот, извонредните спортски достигнувања, како и на страната на помладата генерација.Во 20 часот, по завршување на маратонот, ќе биде организирана забава за сите учесници на маратонот во i-bank store на кејот на Вардар. На забавата,

Пронајдете не на следниве мрежи: