Хулиганите кои изминативе денови дивеат низ Скопје, кршат, уништуваат, напаѓаат полицајци плукнаа и по македонската историја и идентитет.Поттикнати и поддржани од политичарот кој најавува украинско сценарио во Македонија, Зоран Заев, овие насилници во име на СДСМ и СОРОС спроведуваат на терен деструктивно сценарио во главниот град на земјата.
Целосно ја искршија и демолираа народната канцеларија во Скопје, ја руинираа „Порта Македонија“, ги бојат и уништуваат спомениците на македонските херои од минатото на кои им ја должиме нашата независност
Универзитетската професорка Виолета Ачковска вели дека со ваквото насилничко однесување насилниците спроведуваат целосно газење на достоинството на нашите предци, плукаат врз нивните гробови и нивните жртви.
-Порта Македонија е споменик на сите македонски борби низ историјата. Ако ги проследите релјефите тоа е од најстарите времиња она кое ни останало како наше име Македонија се до денешната македонска независност и слобода. Тоа за мене е симбол на една борба која се водела со векови од македонскиот народ за своја државност. Секој кој ќе се обиде да сквернави еден споменик кој е симбол на државноста значи дека ја руши македонската државност. Тоа е факт и тоа не можам да го одрекувам. Сега ги гледав оние релјефи кои се испрскани со грозни бои. Се работи за 24.000 загинати Македонци борци кои го симболизираат еден од релјефите на кои се претставени македонски партизани. Во таа НОБ, македонскиот народ конечно во својата современа историја добил своја држава. И вие да прскате по еден таков споменик и да плукате по тие жртви на антифашистичката борба за мене тоа е непоимливо. Тоа е целосно газење на достоинството на нашите предци, плукање врз нивните гробови и нивните жртви, смета професорката.
Ачковска порачува дека треба да запомниме дека народ кој нема свое минато и историја, нема да има ниту своја иднина.
Таа вели дека осквернавен е и релјефот на децата кои биле гонети од граѓанската војна од Грција.
-Тие прогонети деца кои беа насилно одземени од прегратките на мајките кои и ден денес ги носат тие трауми во својата душа и сега веќе се старци, но никогаш не го преболеле тоа време кога ги оделиле од прегратката на мајката. Тој дел вие да го оштетите од овој прекрасен споменик кој го краси Скопје и се надевам дека за идните генерации ќе биде симболот на овој град, за мене тоа е несфатливо. Не говорам само како историчар, туку како човек кој длабоко се противи на секое насилство, како човек кој смета дека треба да се негуваат револуционерните, историските традиции бидејќи народ кој нема свое минато, нема ни своја иднина. Ние мора да ја научиме историската школа, да ги почитуваме предците, да ја почитуваме нивната борба, нивната жед за слобода и со сите сили, сите со многу љубов, со многу патриотизам да се обединиме и да си ја сочуваме нашата држава од сите оние кои посегнуваат по сето она што претставува наша светост, порача Ачковска.
Професорката истакна дека се оштетени и спомените на Илинденците кои се спомнуваат во македонската химна. Ваквото однесување според неа претставува голем срам за сите оние кои ги сквернават спомениците.
Членови на граѓанското здружение „Илинденски марш“ кои постојат и дејствуваат за да ја негуваат традицијата испратија остра осуда за однесувањето на хулиганите кои уништуваат обележја со големо значење за нашиот народ.
Мирослав Ристиќ е член на здружението „ Илинденски Марш“ од Горно Лисиче.
– Упатувам голем апел до сите демонстранти кои деновиве неуморно го уништуваат македонското културно наследство да прекинат со истото бидејќи со самото тоа ја уништуваат македонската историја и ги негираат луѓето кои го дале животот за нашата слобода, за ние денеска мирно да живееме. Мислам дека ова не е мирен протест како што може да видите позади нас овдека . Секој има загарантирано право да излезе на протест, ама со тоа што се прави мислам дека се претерува. Мислам дека ова е едно непочитување на македонската историја. Апелирам уште еднаш нека си одат на протести, секој има право на избор, меѓутоа протестите да бидат мирни и да не ја уништуваат македонската историја, рече тој.
Филип Кокароски е член на здружението „Илинденски марш 1978“. Тој јавно го изјави својот револт.
– Јавно сакам да го изразам мојот револт за минатонеделните протести и за сквернавењето на историските споменици преку кои ние како Македонци треба да се грижиме. Ние како внуци и правнуци на луѓето кои што го дадоа својот живот во НОБ и во Илинденското востание сме крајно револтирано затоа што со таков вандалски чин и со сквернавењето на тие споменици ние ја покажуваме само нашата некултура и ја газиме нашата историја. Сакам да упатам апел до сите демонстранти без разлика кој од која страна е сите, без разлика од нивните политички убедувања, сакам да упатам апел за истите тие кога ќе излезат на избори своето право да си го кажат слободно демократски , но не на ваков вандалски и неморален начин. Сакам да изразам одреден револт и кон Албанците поради тоа што ги поддржуваат демонстрантите да ги сквернават овие споменици. Ние сме сведоци, ја знаеме историјата дека и во Илинденското востание и во НОБ имаше Албанци кои застанаа за да се ослободи нашата денешна држава Р.Македонија. Благодарение на тие жртви кои што земаа учество во Илинденската епопеја и во НОБ , благодарени на нивната жртва ние денеска ја добивме нашата слободна, суверена и демократска Македонија, порачува тој.
Мартин Цветковски е организатор во културниот дел на Илинденскиот Марш и ја води Македонската фаланга која активно зема учество 37 години во Илинденскиот Марш кој се одржува во Крушево.
-Изразувам револт и строго го осудувам овој чин на уништување на она што е свето и македонско затоа што спомениците како што е оваа Триумфална порта , на самата порта пишува Порта Македонија, не пишува ниедна политичка партија за да се напаѓа и уништува портата поради некое политичко убедување . Апелирам до сите Македонци , овие работи културни, традиционални , патриотски треба да не обединуваат нас Македонците, не да го напаѓаме. Ако сами не си ја чуваме историјата и културата, други нема да ни ја чуваат. Видете само од сите страни колку сите не напаѓаат. Од сите страни ни ја напаѓаат и историјата и државата и ќе останеме без држава. Никој не го забранува правото на сите млади да протестираат и да го искажуваат својот револт дали од политичка партија или било што, меѓутоа кога станува збор за македонскиот не го напаѓајте и не ги уништувајте спомениците, апелира тој.
Граѓаните со осуда за сквернавењето на спомениците
-Уништувањето на спомениците не е добро. Еве овде и споменикот на децата бегалци гладам и тој е оштетен, синоќа не беше оштетен и Портата е оштетена, ја не знам зошто така оштетуваат. Полицајците не треба да ги ги тепаат. Едно време полицајците ја бранеа државата . На полицаец не смееш да му удриш пиштол во глава, можеш само да им ја бакнеш раката на полицајците, ние сме браќа на полицајците, они не чуваат нас и на граница порано пиле не смееше да пролета, а сега што прават Ќе ни направат војна, се на нереди оди . Младите не треба да протестираат тие треба да бараат работа, а не да идат на протести…
-Бев во Виена 26 години, сега се вратив пред месец дена . ова е дивјаштво не дозволено , тоа за нацијата е пропаст , криминал и тие не се осеќаат што го водат овој криминал дека се македонци . Ова е како да е дојдено некое племе од некое друго место. Вака ако се продолжи ќе паден многу стандардот на населението , ќе станат огромни трошкови, не се работи ништо . Ако продолжи вака многу лошо ќе биде за Македонскиот народ . Полицијата не е крива , криви се овие демонстранти кои не се свесни што прават , ова уништување. Полицијата е должна да чува ред и мир и да нема жртви , а ова што се прави напад врз полицијата не е добро што се прави.Поттикнати и поддржани од политичарот кој најавува украинско сценарио во Македонија, Зоран Заев, овие насилници во име на СДСМ и СОРОС спроведуваат