Поштар херој: „Уловил“ две близначиња фрлени од трети кат на една зграда во пламен

Две бебиња од 11 месеци биле спасени од една зграда во пламен во Њујорк така што биле фрлени од третиот кат, во рацете на еден поштар. Џермејн Шири успеал едно по друго да ги фати двете мали близначиња кои останале неповредени.Поштарот тргнал на работа, кога одеднаш почувствувал миризба и дим во зградата во која живеел. Тој веднаш ги предупредил соседите и истрчал надвор од зградата кога слушнал како еден станар од третиот кат бара помош.
Пожарот во станот на третиот кат во населбата Гринвич во Њујорк имал среќен крај за семејството Кондер. Во раните утрински часови пожарот го зафатил нивниот дом, па тие во паника почнале да се симнуваат преку пожарните скали на фасадата на зградата. Тогаш, нивниот сосед и поштар Џермејн Ширли дотрчал во помош – таткото кој во рацете ги носел своите двајца близнаци, од третиот кат ги фрлил токму во рацете на соседот.
Младите и весели 11-месечни Ишмаел и Исраел мирно „паднале“ во рацете на 30-годишниот поштар и се спасиле од огнот. Останатите соседи во пижами успеале самите да се симнат низ скалите пред да пристигнат пожарникарите.
Храбриот 30-годишен поштар изјавил дека тоа била одговорна задача која ја направил со задоволство, а потоа заминал да ја разнесува поштата.

Поштарот тргнал на работа, кога одеднаш почувствувал миризба и дим во зградата во која живеел. Тој веднаш ги предупредил соседите и истрчал надвор

Пронајдете не на следниве мрежи: