Пензиониран 87-годишен поштар од градот Нешвил во американската сојузна држава Тенеси, е татко на вкупно 1.300 непризнаени деца, според ДНК тест и лични сведоштва собирани последниве 15 години, пишува порталот „Лајк Маг“.Сето ова започнало кога едно локално семејство покренало приватна истрага, што потоа довела до овој, според многумина, неверојатен податок.
– Контрацепцијата во тоа време не беше баш популарна. Немам од што да се срамам, 60-те години беа златно доба, а јас многу добро го имитирав Џони Кеш и дамите „паѓаа“ на тоа. Некои дури и мислеа дека јас навистина сум тој или барем сакаа да веруваат во тоа, изјави поштарот кој претпочита да остане анонимен.
Џони Кеш е познат кантри пејач од Нешвил, кој во тоа време бил доста популарен во САД.
Детективот Сид Рој, кој ја спровел истрагата, вели дека ниедно од децата не е заинтересирано да покрене процес против старецот, пред се, поради тоа што не сакаат да се расчуе приказната.Сето ова започнало кога едно локално семејство покренало приватна истрага, што потоа довела до овој, според многумина, неверојатен податок.