Поштар ограбил 58 корисници на социјална помош. За злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување на исправа, НК за КР Гостивар денеска поднесе кривична пријава против В.Д. (48) во село Врапчиште.
Пријавениот во својство на поштар на поштенската единица за село Врапчиште подружница Гостивар, извршил фалсификување на потпис на платни инструменти-чекови за исплата на социјална помош на 58 лица корисници на социјална помош.
Преку фалсификуваните чекови без да го потврди приемот на уплатениот износ на корисникот на социјална помош, истиот ги фалсификувал доставниците за наводно примени парични средства, а податоците за доказ на идентитетот поштенскиот работник ги запишувал на самата уплатница.
На ваков начин, противправно се стекнал со имотна корист во износ од 199.175,00 денари на штета на 58 лица-корисници на социјална помош.Пријавениот во својство на поштар на поштенската единица за село Врапчиште подружница Гостивар, извршил фалсификување на потпис на платни инструмен