Постењето од само 8 дена годишно го зајакнува имунитетот

Научниците тврдат дека постењето е корисно за здравјето.Истражувањето покажува дека постењето во текот на два и повеќе дена помага за зајакнување на имунитетот, особено ако организмот стар или на пример, е подложен на третман за лекување на рак. Постот го тера телото да ги замени старите и оштетени клетки со нови, тврдат американските научници.
„Кога човекот гладува, системите во организмот се обидуваат да му заштедат енергија. Една од работите што може да се направи за да заштеди енергија е да се преработат многу од клетките на имунолошкиот систем, кои не се неопходни “, вели Валтер Лонг од универзитетот во Јужна Каролина.
Екипата истражувачи открива дека постењето во текот на два до четири дена на секои шест месеци му овозможува на телото да закрепне. Така се трошат акумулираните масти и шеќерите, но се менуваат и старите клетки.
„Телото им испраќа сигнал на матичните клетки повторно да започнат да го регенерираат и градат целиот систем. Постот може буквално да предизвика создавање на нов имунолошки систем “, вели проф. Лонг.Истражувањето покажува дека постењето во текот на два и повеќе дена помага за зајакнување на имунитетот, особено ако организмот стар или на пример,

Пронајдете не на следниве мрежи: