Веројатно за поголем дел од вас зборот фестивал е синоним за лето. Меѓутоа кога има добра публика годишното време не е важно. Сезоната на добра музика нема почетен или завршен датум. Според Џијан Емин, Eвропа заедно со Македонија е совршено тло за добра музика и забава во секоја сезона, па дури и во зимаЗимските фестивали можеби и не се толку познати, меѓутоа поголемиот дел од нив зад себе носат долга традиција подржана од големи светски артисти и продуценти. Салите во кои се одржуваат зимските фестивали се со историја, која поминала низ музиката на најдобрите. Според Џијан Емин, предност на зимските фестивали и концерти е акустиката на салите во кои се одржуваат. Способноста на одредена просторија да го пренесе звукот и вибрацијата низ секое живо суштество кое во моментот се наоѓа во таа просторија е неверојатно. Според него речиси ниту еден отворен простор неможе да се спореди со звукот на музиката и со јачината на нотата во Концертната сала во Луцерн, Швајцарија, во Берлинската, Париска или Виенска филхармонија. Потпирајќи се на личното искуство и присетувајќи се на некои од своите настапи на фестивалот “Ode Gand„ во црквата Света Ана во Гент, концертната сала, Акрополис во Ница, но и настапот во Македонската филхармонија, Џијан вели дека дефинитвно настап на затворено во него носи најмногу емоции. Дека Џијан не се плаши да експериментира и да се впушти во непознатото докажува и неговата способност да ги освои срцата на сите кои ќе ја слушнат негoвата музика, а и секако успехот кој секојдневно го реди. Големиот број убави професионални ангажмани се нешто за кое Џијан гордо зборува и се сеќава, а неговата среќа може да се почувствува од секој изговорен збор. Можноста да се работи со најдобрите светски музичари и оркестри како и можноста да се биде дел од најголемиот огномет кој влезе во Гинисовата книга на рекорди е чувство еднакво на мешање на сетила кога ќе се види звукот, ќе се вкуси бојата и ќе се слушне вкусот.
Џијан на сите млади и стари им советува да не забораваат дека секоја сезона е добра за добра музика, во зима таа го подгрева телото, во лето ве прави уште пожешки. Тој вели дека границите се поставени за да се поместат, бариерите се поставени за да се срушат, а вие сте тука за да имате храброст да прифатите ризик и да се впуштите кон непознатото. Пркосете им на постудените денови и играјте го својот танц во најжешката Neuland зона, каде што ќе бидете свои и подготвени за нов адреналин.Зимските фестивали можеби и не се толку познати, меѓутоа поголемиот дел од нив зад себе носат долга традиција подржана од големи светски