Постои нова надеж за болните од рак на мозок

Антивирусни препарати веројатно можат да го успорат развојот на мозочни тумори, покажуваат резултатите од едно ново шведско истражување при Каролинскиот институт во Стокхолм.Како што јави дописникот на МИА, пациентите кои биле оперирани од малигнен мозочен тумор, освен вообичаената терапија со антибиотици и зрачење, го добиле и антивирусниот препарат „валгансикловир“.
Една група пациенти во рамки на истражувањето ја добила само вообичаената терапија, а за разлика од нив групата на која и бил даден и „валгансикловир“ живеела четири пати подолго, односно 56 месеци повеќе. На пациентите кои добивале само антибиотици и зрачење им бил продолжен животот во просек за 13,5 месеци.
– Тоа е фантастичен резултат, вели шефот на студијата при Каролинскиот институт Сесилиа Содерберг Науслер за Шведската телевизија СВТ.
Малигниот мозочен тумор, т.н. глиобластом, е смртоносно заболување со лоши последици. Деведесет отсто од пациентите со таква дијагноза умираат во период од две години.
mkd-news.comКако што јави дописникот на МИА, пациентите кои биле оперирани од малигнен мозочен тумор, освен вообичаената терапија со антибиотиц

Пронајдете не на следниве мрежи: