Нова студија се спротивставува на верувањето дека жените се родени со ограничен број јајце-клетки и не можат да формираат нови подоцна во животот.Евелин Тефлер и нејзиниот тим од Универзитетот од Единбург забележале дека пациентите со рак кои го земаат хемотерапискиот лек наречен ABVD не ги имаат истите проблеми со плодноста како пациентите кои земале други лекови.
Тие решиле да ги анализираат ефектите на ABVD врз плодноста, со земање биопсија од јајниците на 11 жени дијагностицирани со Хочкинов линфом (еден вид на рак), и од 8 здрави жени. На 8 од заболените им биле даден ABVD, додека на преостанатите 3 им била дадена појака комбинација на лекови позната по тоа што предизвикува неплодност.
Истражувачите откриле дека жените третирани со ABVD имале помеѓу 2 до 4 пати поголема густина на јајце клетки во нивните јајници во споредба со здравите жени, а оние на кои им била дадена појаката комбинација на лекови имале далеку помалку. Тие исто така увиделе дека клетките на жените третирани со ABVD делувале „помладо“, и наликувале на оние кај девојки кои сè уште немаат доживеано пубертет.Евелин Тефлер и нејзиниот тим од Универзитетот од Единбург забележале дека пациентите со рак кои го земаат хемотерапискиот лек наречен ABVD не ги и