Имате се во животот, освен совршен патнер со кој би можеле да го споделите тоа? Е па, велат научниците, можеби проблемот баш во тоа што имате се- бидејќи можеби попат сте „добиле“ и финансиски долг или некои други проблеми со пари. Нова студија покажува дека повеќето припадници на помладата генерација сметаат дека финансиската независност е многу привлечна.Како што пренесува магазинот „Тајм“, 88 проценти од младите велат дека им е многу важна финансиската оговорност, додека само 58 проценти велат дека им е подеднакво важно да се докажат во кревет! Исто така 41 процент од испитаниците велат дека партнерот со голем паричен долг воопшто не им е привлечен, без оглед на нејзините или неговите сексуални умеења. Третина од испитаниците изјавиле дека потенцијалот за добра заработка е многу важен при бирање партнер.
На жените финансиската самостојност им е подеднакво важна како и сексуалната интимност, додека мажите сепак сексот го ставиле пред парите- но сепак овој вид самостојност котира многу високо, покажало друго истражување.
Кога ќе се собере и одземе се, една работа е јасна- дури и доколку постои хемија, добри се можностите врската да не успее доколку и двајцата партрнери не се финансиски самостојни. За тоа сведочи и статистичкиот податок дека повеќето караници во врските и браковите настануваат баш околу парите.
Значи, драги дами и момци, доколку се уште не успеавте да ја најдете сродната душа, можеби е време да побарате подобра работа.Како што пренесува магазинот „Тајм“, 88 проценти од младите велат дека им е многу важна финансиската оговорност, додека само 58 процент