Постои само ЕДНО И ЕДИНСТВЕНО решение кога на црниот дроб му е потребна помош!

Не сме свесни колку на нашиот црн дроб секојдневно му задаваме тешки задачи. Овој орган упорно работи за да го ослободи организмот од токсини, а ние упорно и понатаму ги внесуваме. Меѓутоа, што ќе се случи кога црниот дроб повеќе не би можел да го издржи ова темпо? Тогаш, во помош ни доаѓа чичката.Во случаи на тешко оштетување на црниот дроб поради прекумерното внесување на алкохол, екстрактот од чичката може да ги поправи оштетувањата ако се запре консумацијата на алкохолот. Исто така, чичката има и антиканцерогени својства и се употребува при лекување на некои типови на хепатит.
Чичката е растение кое расте во јужна Европа и Русија. Содржи силимарин. Во медицината се употребува повеќе од 2.000 години – примарно при лекувањето на црниот дроб, во 19. и 20. век, треварите ја припишувале чичката кога требале да се третираат нарушувања во работата на црниот дроб, бубрезите и слезината, проширените вени и болката во градите. Корисните својства на чичката за црниот дроб, активно почнал да ги промовира германскиот лекар Радемахер во 19 век.
На подрачјето на Европа, чичката се користи како ефикасен сојузник во борбата против хепатитот, цирозата, прекумерното алкохолизирање, земањето лекови, како и различни видови на токсини. Во Франција, Германија, Унгарија и Грција се користат разни препарати кои се на база на чичката, а кои се поврзуваат со бројните тегоби со кои може да се соочи црниот дроб.

Чичката доаѓа во облик на екстракти направени од плодот, а се користи како превентивна заштита на црниот дроб, или како лек против веќе развиените тегоби. Силимаринот од чичката докажано ги инхибира оштетувањата на црниот дроб, кои доаѓаат од токсините како што се алкохолот, дрогата, лековите и други хемикалии. Дејствува така што ги стабилизира клетките во мембраните на црниот дроб и ги минимализира, или пак ги инхибира оштетувањата предизвикани од споменатите токсини. Силимаринот е ефикасен не само при заштита, туку помага и при регенерацијата на клетките на црниот дроб.
Чичката е одличен антиоксиданс. Во таа улога, ова растение ги неутрализира штетните состојки како што се слободните радикали кои ги оштетуваат ткивата. Поточно, силимаринот ги штити липидните мембрани од оксидација. Проверени научни истражувања покажале дека силимаринот ефикасно ги штити црнодробните клетки, намалувајќи го ризикот од смртта предизвикана од цироза.
Чичката е посебно ефикасна и корисна кога станува збор за случаи кадешто цирозата на црниот дроб е предизвикана од прекумерно алкохолизирање. Ако бирате помеѓу различните производи кои се базираат на ова растение, пронајдете екстракти што содржат помеѓу 100 и 200 mg силимарин по капсула/таблета. За да се подобри ефикасноста на овој лек при заштита и регенерација на црнодробните клетки, потребно е да се внесува 100 и 200 mg силимарин, по два пати дневно (наутро и навечер), со доволно течности.Во случаи на тешко оштетување на црниот дроб поради прекумерното внесување на алкохол, екстрактот од чичката може да ги поправи ош

Пронајдете не на следниве мрежи: