Постои спас од комарците – еве го решението!

Иако сме мислеле дека спасот од комапрците е во многуте препарати кои се рекламираат и ни гарантираат дека ќе не заштитат од овие инсекти кои се доста актуелни во летниот период, сепак, постои сосема друга заштита од комарците која до сега не ни била позната. Американците научници конечно открија дека постои друга природна заштита од комарците. 

Според истражувањето направено од Американското хемиско здружение, човековата кожа има природна супстанца која би можела да се користи за заштита од комарци, наместо досегашните препарати. 
Експериментите кои биле направени од американските научници покажуваат дека раката која била прикриена со супстанцата од човековата кожа, воопшто немала убоди од комарци, за разлика од раката на која имало некој од многуте препарати за заштита од комарци.  
Авторите на студијата се надеваат дека нивното откритие би можело да помогне во спречувањето на ширење на смртоносните болести како маларија, западнонилскиот вирус, денга грозницата и многу други вируси.
Комарците ги пренесуваат предизвикувачите на болести кои секоја година згаснуваат милиони животи. Само во 2010 година од маларија починале околу 660000 луѓе. Како што се менува климата во светот, постои втемелен страв дека маларијата би можела да се врати и во некои европски земји.

Ова откритие покажува и дека комарците стануваат се поотпорни на веќе постоечките препарати и поради тоа ги напаѓаат луѓето. Веќе подолго време е познато дека на комарците некои луѓе им се попривлечни од други. Во новата студија Улрих Верниер од Американското биро за земјоделство истражил која од стотината супстанци кои се лачат од нашата кожа најмногу ги привлекува комарците.Се покажало дека супстанцата 1-метилпиперазин сосема го блокира сетилото на комарците. Берниер смета дека таа би можела да им се додава на козметичките производи.„Ако ја ставите раката во кутија со комарци во која се испуштени некои од овие инхибитори, речиси сите ќе останат на ѕидот и нема ни да препознаат дека раката е внатре. Ние тоа го нарекуваме аносомија или хипосомија, неспособност или намалена способност да се чувствиваат мириси“, објаснил Берниер.Американците научници конечно открија дека постои друга природна заштита од комарците. 

Пронајдете не на следниве мрежи: