Постои верување дека бројот на зградата или куќата носи скриено значење за сите што живеат таму…

Со само неколку едноставни чекори дознајте какви тајни се кријат зад бројот на вашиот дом.Како да пресметате кој е бројот на вашиот дом?
Запишете го куќниот број и сведете го на само една цифра по следната постапка.
На пример ако вашиот број е 65, собирајте ги цифрите додека не добиете едноцифрен број.
6+5=11
1+1=2
Вашиот број е 2!
Ако живеете во стан каде што во вашата адреса има 2 броја, еден на улицата и еден на станот, бројот на станот е секогаш вашиот доминантен број, а бројот на улицата е секударен.
Бројот 1, носи индивидуалности и оригиналност а  претставува независност и нови почетоци. Ваши предизвици се секогаш недовршените проекти заради кои често пати самите се изолирате. Но и покрај тоа што од финансиски аспект е одличен сепак на приватен план носи малку среќа затоа што поттикнува на осаменост и критичност кон другите. Куќата уредете ја во златни и маслинести тонови.
Бројот 2, симболизира промени па често луѓето се селат и доаѓаат нови. А претставува брак, партнерство, добри врски, дарежливост, дипломатски односи и сочувствување. Предизвик може да ви биде претераната чувствителност или пак врзувањето за другите. Луѓето кои живеат тука често ја носат работата дома.
Бројот 3, симболизира ширење, обнова и подобрување. А претставува чуда, отвореност, оптимизам, напредок, големи визии и богат друштвен живот. Можен предизвик се пребрзото ширење и црпење на личната енергија, исто како и ставот „уживај денес, плати покасно.“ Луѓето кои живеат тука знаат да се однесуваат екстравагантно и да трошат многу. Често имаат големо семејство и уживаат во пороци. Во нивниот дом се добредојдени сини тонови.

 

Бројот 4, овој број претставува комплицирано место за живот затоа што е симбол на конфликти- две спротивставености од кои едната се бори за стабилност а другата за промена. Во овој дом секогаш нешто се реновира, се менува, се купува.  Овој број дефинитивно не е за кукавици, туку за луѓе кои се навикнати да функционираат под стрес. Добро е во домот да има многу свеќи, цвеќиња и украси од стакло.
Број 5, симболизира хармнонија, поволни мисли и емоции. Во оваа куќа е изразена друштвеноста, како и многу смеа. Солидарноста и стабилноста се главните работи, а тие што живаеат тука се успешни и приватно и деловно. Тие својата среќа ја градат полека но со цел, сите препреки знаат да ги надминат.  Добро е да има предмети од метал.
Број 6, симболизира одлучност, цврст став и крајност. Во неа има тишина или пак станува збор за хаотичен дом. А овој магичен број од луѓето ги вади крајните емоции, а добро делува на новите работи. За да има добра енергија добро е да биде уреден во жолта боја со светло зелени нијанси.
Број 7, симбол е на фантазија, сонување… Жителите се многу емотивни и ранливи. Често не ја разликуваат реалноста од фантазијата.  Често станува збор за уметници кои имаат многу домашни миленици и се големи перфекционисти. Имаат многу пороци.
Број 8, симболизира почит, стабилност и енергија. На жителите им носи добар углед, авторитет, па дури и слава, но и голема одговорност. Се трудат на сите да им угодат. Знаат да бидат несреќни. Од друга страна многу ги почитуваат традиционалните вредности како што е семејството, пријателството, работата и љубовта… Ентериерот често е во темни бои….
Број 9, ова е дом со многу соби и симболизира голема поделба. Живеат луѓе со различни ставови и секој има различен темперамент. На луѓето кои живеат тука често им недостига иницијатива во животот. Во работата се многу успешни а дома се многу напнати. Сепак се навикнуваат да живает под стрес. Најдобра е белата боја во која треба да биде бојадисана цела куќа….Како да пресметате кој е бројот на вашиот дом?
Запишете го куќниот број и сведете го на само една цифра по следната постап

Пронајдете не на следниве мрежи: