Според податоците на АВРМ, бројот на невработени лица, за 12 години во Македонија се намалил за 160.000, а во Прилеп за 11.200. Ова денеска во Прилеп го соопшти директорот на АВРМ, Владо Попоски, кој оствари работна средба со градоначалникот Марјан Ристески.
Попоски истакна дека бројот на невработени лица во Прилеп е доста намален токму поради добрата соработка и координација која во изминативе години АВРМ ја има со Општина Прилеп, бидејќи Прилеп беше прва општина во Македонија која направи Економски совет кој помага дополнително на Агенцијата за креирање на нивните политики и мерки кои ги даваат.
„Согласно информациите кои ги има АВРМ, а тоа е бројот на отворени М1 обрасци, во 2005 година имало околу 397.000 отворени М1 обрасци на ниво на Македонија и некаде околу 390.000 невработени лица кои се евидентирале во АВРМ. Денеска бројката е поразлична, вкупно на двата регистра и на активни и на пасивни баратели на работата имаме околу 204.000 регистрирани невработени лица и над 552.000, само во АВРМ, отворени М1 обрасци, дополнително во Фондот за ПИОМ врз основа на лично осигурување, тоа е каде спаѓаат оние кои се на договор на дело и индивидуалните земјоделци има уште околу 14.000 М1 обрасци, значи вкупно некаде околу 566.000 отворени М1 обрасци или грубо земено над 160.000 нови отворени работни места од 2005 до 2016 година на ниво на Македонија. Ситуацијата за Прилеп тука е добра, ако во 2005 година имало 15.000 М1 обрасци, во овој момент само во Агенцијата има 24.000 регистрирани М1 обрасци, што е диретно разлика од 9.000 М1 обрасци или вработени лица, и дополнително над 3.000 се регистрирани во Фондот за ПИОМ, тоа е некаде 12.500 вработени прилепчани. Значи бројката на невработени во Прилеп се намали за некаде околу 11.200 лица за периодот од 2005 година до 2016 година“, изјави Владо Попоски, директор на АВРМ.
Попоски нагласи дека проектот „Македонија вработува“ ќе бил активен до 27 јуни 2017 година, со тоа што досега него го искористиле 4.218 граѓани. Само од Нова година до сега се имале вработенонад 280 лица. Проектот „Македонија вработува 1“ завршил со 18.900 вработени, а претходно бил и проектот за вработување на млади до 29 години каде што имало дополнителни 8.000 вработувања. Значи преку овие мерки над 30.000 граѓани се вработиле во Македонија за 3 години.
„Исто така продолжува интересот и за самовработувањето со грантови. Во последните години бројката се движи од 2 до 2.500 апликанти за самовработување со грант, што значи дека имаме проблем да избереме кој е квалитетен бидејќи сите се квалитетни. Во 2016 година направивме дополнителни напори и исфинансиравме дополнителни 105 вакви гранта. Од проектот за кредитирање исто така продолжуваинтересот, во просек се пријавуваат од 150 до 200 лица, односно од 20 до 30 компании во зависност од огласот за дополнителни вработувања“, додаде Попоски.1Попоски истакна дека бројот на невработени лица во Прилеп е доста намален токму поради добрата соработка и координација која во изминативе години А