Постојат 5 фази на љубовта. Но, повеќето луѓе не поминуваат низ третата!

„Изгледа тој / таа не е човекот за мене“, е израз кој луѓето често го користат при разделба. Но, сепак е чудно. Пријателите ви сметаат за совршена двојка. Во одреден момент и вие го мислевте тоа. Често не разбираме зошто вистинската љубов постепено се сведува буквално до ништо, пишува BrightSide.За среќа, има одговор на ова прашање. Психологот Џед Дајмонд доаѓа до него по 40 години клинички истражувања. Според него, повеќето луѓе всушност ја наоѓаат вистинската љубов. Проблемот е што тие не можат да поминат успешно низ сите пет стадиуми на љубовт. Повеќето едвај достигнуваат до третиот.
Да видиме кои се тие:
Вљубување
Ова е период во кој се наоѓате на седмо небо од среќа. Во него се наоѓаат сите копнежи и надежи на партнерот. За извесно време, тој или таа се претвора во идеалниот човек за вас, без никакви недостатоци. Верувате дека таа личност ќе може да ја исполни секоја ваша желба, верувате во секој негов / нејзин збoр. Ниту еден скептичен глас не би можел да ве натера да запрете и да започнете да мислите малку претпазливо, бидејќи сте убедени во силата на вистинската љубов.
Пар
Љубовта станува уште посилна. Мноштвото средби порано или подоцна доведуваат до одлуката да почнете да живеете заедно. Се запознавате прилично добро и вашето присуство почнува да покажува ефект врз сите аспекти од животот на вашиот партнер. Тоа е време на радост и единство. Во одреден момент, по неколку месеци или години – во овој период може да се направат и деца. Тие дополнително ја заздравуваат врската. Се чувствувате се заштитено и пожелно. Верувате дека сте го нашле човекот за вас и дека судбината е предодредена за вашата врска.
Разочарување
Во овој период надежите почнуваат да се кршат една по една. Почнувате да мислите дека еден ден чувствата ќе ослабат и ќе исчезнат засекогаш. Дека партнерот станува сосема непредвидлив дека неговото / нејзиното однесување ве иритира на секакви начини. Размислувате за можноста дали да направите одмор еден од друг. Можеби дури си велите дека ова не е човекот за вас и дека нема смисла да продолжувате да се мачите себеси и другиот во врската, која ја загубила виталноста.
Создавање на вистинска и трајна љубов
Ако ги затворите очите и се обидувате да продолжите напред, покрај флуктуацијата, може и да се надмине третиот период и да дојдете до следната фаза. Тогаш свеста ќе се ослободи од илузиите кои сте ги проектирале на партнерот во почетокот. Партнерот не е оној кој сте си го замислувале. Напротив – вистински е. Разбирате и најважно – ги прифаќате нејзините / неговите недостатоци. Сега е моментот да ги зајакнете односите и да преминете кон следниот период.
Сознание дека силата на две лица може да го промени светот
Веќе знаете како да се надминат разликите. Создадовте длабока, силна и трајна врска. Нешто повеќе – реализирани сте и двајцата сметате дека можете да промените нешто во овој свет. Фактот дека поминувате низ животот заедно, не е случаен. Предводени сте од нешто многу поголемо. Можеби тоа е меѓусебната работа, можеби создавате нешто заедно. Сѐ е можно. Но, токму откако ќе почнете да функционирате како една целина и сте ги доживеале претходните четири периоди, можете да кажете со 100-процентна сигурност дека ова е човекот за вас.За среќа, има одговор на ова прашање. Психологот Џед Дајмонд доаѓа до него по 40 години клинички истражувања. Според него, повеќето луѓе всушност ј

Пронајдете не на следниве мрежи: