Сметате ли дека мажите во име на „рамноправноста“ на половите, сѐ помалку обрнуваат внимание на манирите кои им значат на девојките.
Што мислите, дали гестовите како помагање со тежок багаж, оставање предност при нарачка во ресторан, отворање и придржување на врата од автомобил итн. ги прават мажите џентлмени?
Дали сметате дека се оправдани жалбите на момчињата дека девојките го злоупотребуваат зборот џентлмен и преку него се обидуваат да командуваат со нив? Некои од нив велат дека не може тие да бидат џентлмени бидејќи наводно не постојат ни вистински дами во денешно време.
Кога момчето нема манири со кои ѝ оддава важност на девојката, дали тоа го прави свесно за да не испадне “папучар“ или се работи за недостаток на култура и домашно воспитување?
Уште повеќе, каква е ситуацијата во Македонија? Ви се случува ли да налетате на момчиња кои сакаат да ви искажат почит преку џентлменското однесување? Или на тие таквите после 2 минути разговор забележувате дека единствена цел е да ве “легнат“ што побрзо?
Сметате ли дека момците во Македонија се незаинтересирани за ова прашање или дека се срамат за да не испаднат пречувствителни? Колку нивниот физички изглед соодветствува со манирите кои ги имаат? Во која ситуација сте се почувствувале (не)пријатно како резултат на неговото однесување? Дали нашата земја е во „криза“ за џентлмени?
Дали на девојките во Македонија им е пресудно нивното момче да е вистински џентлмен за да се впуштат во интимност и врска со него?
Извор: lady.mkСметате ли дека мажите во име на „рамноправноста“ на половите, сѐ помалку обрнуваат внимание на манирите кои им значат на девојките.