Потценувачки ветувања на СДСМ за граѓаните

Како одминува предизборната кампања, така ветувањата на СДСМ стануваат се’ понереални, на моменти и смешни и потценувачки за граѓаните. Во предизборието, СДСМ отиде дотаму што почна да ветува дека Заев ќе дарува живот и чист воздух за граѓаните.Кандидатот за пратеник на СДСМ и коалицијата во ИЕ 1, Дамјан Манчевски, вчера излезе со прес- конференција на која тврдеше, верувале или не дека загадувањето ќе се исчистело со промена на власта.
-Најитно е потребна смена на централната и на локалната власт во Скопје, за да може да живееме во Скопје и да живееме во Македонија, рече Манчевски, заборавајќи дека локалната власт во централната скопска општина е токму во рацете на опозиционерот Андреј Жерновски, кој раководи со Центар веќе три години и со прст не мрдна за да се намали загадувањето.
Загадувањето на воздухот не е тема која е актуелна само последниве години, а СДСМ падна до тоа ниво за ситни политички поени да мора да го злоупотребува дури и во предизборието. Прашањето кое се поставува е што направи оваа партија за да се спречи загадувањето во годините кога ја практикуваше власта.
Тогаш СДСМ не ни сакаше граѓаните да знаат каков воздух дишат, бидејќи не го мереше воздухот и ја криеше од граѓаните информацијата за квалитетот на воздухот.  Зошто министрите за животна средина на СДСМ не преземаа ниту една мерка или проект за барем да се обидат да се борат против загадувањето на воздухот, туку сега Манчевски на две недели пред избори ветува дека Заев ќе дарувал живот и чист воздух за граѓаните, што е потценувачки за интелигенцијата на народот.Кандидатот за пратеник на СДСМ и коалицијата во ИЕ 1, Дамјан Манчевски, вчера излезе со прес- конференција на која тврдеше, верувале или не дека за

Пронајдете не на следниве мрежи: