Потера по браќата Куаши: Побегнале во шумата кај Винфраш сир Саон

Поради безбедносни причини областа околу Елисејската палата е блокирана. Полицајката која утрово беше застрелана почина. Во експлозијата во ресторанот кај џамијата нема ранети, како ни во нападот на џамијата во Манс. По браќата Куаши трагаат 3.000 полицајци.Француската полиција ги опколила Шериф и Саид Куаши кои  во париз, во седиштето на сатиричниот весник „Шарли ебдо“, убиле 12 лица, вклучувајќи и четворица водечки француски карикатуристи и  двајца полицајци, во куќа во предградие на Париз.

Утрово исто така се случија уште три напади во париски предградија Во авенијата Пјер бросолет тројца напаѓачи пукале на полицајци и раниле двајца- жена која го регулирала сообраќајот која им погледна на повредите, додека за нејзиниот колега се наведува само дека е повреден.
15:50- Спорд најновите информации вооружените напаѓачи наводно побегнале во шума недалеку од Вилфранш сир Саон. Фотограф на британски Телеграф кој се наоѓа во  шумата во Франција, тврди дека разговарал со  човек кој  го предупредиле да го напушти ресторанот и дека пристигнува полиција. На сопстевеникот на ресторанот му рекле дека „двајца вооружени мажи бегаат низ шумата“.
15:45- Француското министерство за одбрана извело на улица дополнителни 200 војници, па така бројот на припадници на армијата на улиците на Париз моментално се движат околу 850.
15:02- масакарот над врабоените во редакцијата на сатиричниот весник официјално е сврстен во терористички напад.
14:10- претставици на муслиманската заедница во Франција денес ги повикале имамите  во сите џамии во земјата „најцврсто да го осудат насилството и тероризмот“ на молитвите во петок, како одговор за нападот на весникот. Во заедничкото соопшетение повеќето големи муслимански сојузи навеле дека се „длабоко шокирани и тажни од убиството на наши сограѓани и новинари“.
13:43- Браќата Куаши, осомничени за нападот на редакцијата, ограбиле бензиска пумпа на северот на Франција. Работник на бензиската  пумпа  ги препознал двајцата осомничени за терористички напад, врз основа на што локалните мештани на Твитер известуват дека е засилено присуството на полиција во таа област.

12:52- Силата на полицијата ја затвори областа околу Елисејската палата поради безбедносни причини, а блокирани се сите патишта од Париз на североисток, јавува британски Телеграф. Изгледа дека браќата Куаши се враќаат во Париз  додека ги бркат 3000 полицајци.
12:26 – На бензиска пумпа  долж патот на север на Франција по кој се движат браќата куаши дошло до пукање, јавуваат медиумите.
11:30- Браќата Саид и Шериф  се лоцирани во Ен. Нивното возило е забележано на пат 50 километри североисточно од Париз, кај местото Вије Котерет. Тие наводно возат „рено клио“ бела боја. Исто така се истакнува дека двајцата мажи  се тешко вооружени.
11:08- Припадничката на полицијата која денес беше ранета во пукањето во предградие на јужниот дел на Париз починала. Напаѓачот кој носел панцир и пукал од автоматска пушка, покрај нејзе ранил и еден од вработените во градската управа. Иако медиумите јавиле дека напаѓачот е уапсен, францускиот министер на полицијата изјавил дека напаѓачот се уште е во бегство.
10:20- Експлозија во ресторан во билзина на џамијата во градот   Вилфранш- сур-Сон на истокот на Франција јавува раша тудеј. Нема информации за повредени и причината за експлозијата  се уште не е позната.
9:17- Пукањето  во авенијата Пјр Бросолет почнало кога еден човек отворил оган на двајца полицајци и  во таа прилика едниот е тешко ранет. Во меѓувреме е соопштено дека напаѓачот носел панцир и дека бегал во подземната железница.Француската полиција ги опколила Шериф и Саид Куаши кои  во париз, во седиштето на сатиричниот весник „Шарли ебдо“, убиле 12 лица,

Пронајдете не на следниве мрежи: