Три лица се потешко повредени во две сообраќајни незгоди од вкупно 10 што се случиле во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во едната со тешки телесни повреди се здобил еден велосипедист, а во вториот случај во железничка незгода тешко е повреден сопатник во возило, додека возачот се здобил со телесни повреди.Во четири сообраќајки со полесни повреди се здобиле четири лица, а во четири незгоди е причинета материјална штета.
Во текот на вчерашниот ден полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај 32 возачи кои не ги почитувале ограничувањето на брзината, двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол и кои се исклучени од сообраќај, пет возачи кои поминале на црвено светло на семафор, тројца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и кај 19 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се и 16 пешаци кои поминале надвор од обележан пешачки премин, односно на црвено светло на семафор. Затекнати се и 45 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети се 54 возила.
Денеска, Одделението за превенција заедно со „Училишната сообраќајна единица“ ќе преземаат превентивни мерки од областа на сообраќајот на подрачјето на општина Центар, поточно на бул. „Мајка Тереза“ пред ООУ „Кочо Рацин“ и Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.Во четири сообраќајки со полесни повреди се здобиле четири лица, а во четири незгоди е причинета материјална штета.
Во текот на вчерашниот