ПОТКОЖНИ ВЛАКНА: Правилна депилација кај кожа склона кон поткожни влакна!

Поткожни влакна најчесто се појавуваат по бричењето или пак по депилација во домашни услови, кога влакната се отстрануваат без претходни припреми, и без користење на специјални средства кои би го спречиле појавувањето на истите. Од медицинска гледна точка поткожните влакна не се опасни, но често предизвикуваат црвенило, хиперпигментација, дури и мали лузни. Ако сте приметиле дека по кожата ви се појавуваат поткожни влакна најпрво треба да го промените начинот на депилација. Треба да направите мала пауза, да не ги депилирате влакната, никако додека се воспалени, кога ќе продолжите со депилација треба да ја правите во смер на растот на влакната. Можеби ќе ви одземе повеќе време, но на тој начин ќе ги намалите воспаленијата.
Кај кожа на која се појвуваат поткожни влакна не се препорачува депилација со восок. Кај оваа постапка влакната се отстрануваат во спротивен правец од правецот во кој растат, при таа постапка често се кршат и искривуваат , што доведува до воспаленија и иритации, кои на крајот доведува до појава на поткожни влакна. Најдобар, набрз и наједноставен начин да добиете мазна кожа е сепак само бричењето со брич.
Исто така во борбата со поткожни влакна помага и редовниот пилинг, со помош на сунѓер и специјални ракавици. Кога со пилингот ќе ја отстраните, мртвите клетки кожа кои се наталожиле, поткожните влакна со тоа ќе бидат поблиску до површината на кожата, и по извесно време ќе можете да ги отстраните. Ова можете да го правите сами во домашни услови, поминете ја кожата со влажни облоги од камилица и невен, па потоа со чиста пинцета отстранете го влакното. Раната веднаш исчисте те ја со алкохол.

Редовен пилинг ја спречува појавата на нови покожни влакна. По пилингот не заборавајте да ја хидратирате кожата со крема или пак лусион. За постигнување на видливи резултати, треба да правите пилинг скоро секој ден. Рецепт за пилинг кој можете да го коритите во домашни услови е да си направите смеса од малиново масло и морска сол, јогурт сол или шеќер, талог од кафе, така спремениот пилинг со блага масажа нанесете го на телото со помош на памучна ракавица.
Секој ден, пред и по бричењето, третирајте ја кожата со пилинг од било кои ферментирани производи (јогурт, кефир, кисело млеко, итн со додавање на сол, шеќер, талог од кафе или овес). Таквиот пилинг, ќе ви обезбеди брзо, мазно бричење, без дополнителни иритации (во бикини зоната) и без потреба да се поминува по два пати на кожата.
По завршување на депилацијата треба да користите анти-воспалителни и смирувачки средства, на пример тинктура од невен, зеленчуков глицерин или маст ихтиола. Ако сеуште не нешто не е во ред и предизвика иритација на кожата и црвенило – земете две таблети аспирин и измешајте ги со глицерин, премачкајте ја кожата и црвенилото ќе се повлече (ова е совет од дерматолог).
За после депилацијата да не се појават поткожни влакната, следете ги овие едноставни чекори: 
-пред депилацијата истуширајте се со топла вода, кожата и влакната ќе омекнат и полесно ќе ги отстраните;
-темелно исчисте те ја кожата пред депилацијата и направете и пилинг, кој ќе ги отстрани мртвите клетки и ќе спречи појава на поткожни влакна;
-депилирајте се во смер на растот на влакната
-по депилацијата користете средства за смирување на кожата;
-секој ден правете пилинг на кожата;
-депилирајте ја кожата навечер, пред спиење, но избегнете депилација на иритирана и воспалена кожаОд медицинска гледна точка поткожните влакна не се опасни, но често предизвикуваат црвенило, хиперпигментација, дури и мали лузни. Ако сте приметил

Пронајдете не на следниве мрежи: