Партијата на Мицковски се раздружи со над 140.000 членови, тешки времиња и потоп на повидок

Имено, иако повикуваа на ажурирање на некогаш 170 илјадното членство, скоро никој не се ажурираше. Беше направена невидена агитација и притисок за да се ажурираат членовите. Дури во некои од комитетите како британска кралица се појавуваше и „лидерот“ Мицковски за да се овозможи по некој ажуриран повеќе… Но, ни тоа не даде резултат.
Неколку пати беше намерно продолжен и рокот за ажурирање. Па така, процесот траеше целокупно цели три месеци. И ништо. Се ажурирале под 30 илјади членови. Веројатно членовите на потесните семејства на клиентите кои очекуваат функции ако евентуално се дограби Мицковски до власта (оти тој само за тоа и зборува). Просто е. Партијата на времето имаше околу 5000 функцинери. Поголеми и помали. 5 + семејства дава бројка на ажурирани. Тие се истите и што ги истоварија за Гога…
Нејсе. Нема ефект ништо. Народот не трза на тактизирањето и немањето јасна позиција за промената на името како и за двојазичноста. Кандидатот на Мицковски, Гордана си кажа дека е легалист и морала да си почитува Устав. Ама Уставот сега е на СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА…
Како и да е, деновиве е испратена до членовите на ДПМНЕ една безобразна и нервозна порака. РАЗДРУЖУВАЊЕ. РАЗЛАС… Еве го изворниот текст на пораката кој што беше испратен до редакцијата од револтиран член. 
Повеќе за последните активности на некогашниот министер на Бранко Црвенковски во време на суровата транзиција, госпоѓа Силјановска прочитајте тука!!!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.