Преданијата говорат дека на тајфите што ја граделе оваа црква им се плаќало со златници. Не штеделе мавровци, кои во тоа време биле печалбари, за да го изградат светиот храм, кој сега повеќе од половина век е средe езеро.Ако сакате да избегате од градскиот метеж и да здивнете од работните обврски, а да уживате во природата што ќе ви понуди сто ретки ендемски растенија, 140 видови птици и 45 видови диви животни, тогаш на патот кон Охрид, на неколку километри пред Стража, ќе свртите десно кон југозапад. Влегувате во Маврово – најголемиот Национален парк во Македонија. Убавината на ова патување е тоа што природата можете да ја почувствувате и додека сте во вашиот автомобил. Сè до 1947 година на местото на денешното езеро се наоѓала Мавровска Котлина низ која течела Мавровска Река. На реката на излезот од котлината ѝ бил затворен патот кон Радика со голема земјена брана. Така, котлината почнала да се полни со вода, а на нејзиното место се создало Мавровско Езеро. Опкружено со високи планини – на југ со Бистра, на север со Шар Планина и на исток со превалецот Влајница.
Црквата „Свети Никола“ во Маврово била изградена во 1850 година и била во одлична состојба цели 103 години. Тогаш се донесла одлука дека на местото му е потребно вештачко езеро. Езерото било потребно за напојување електрична централа. Во времето кога се создавало езерото се потопиле повеќе делови од старите села што се наоѓале таму. Меѓу тие градби била и оваа црква. Тоа што е мистериозно овде е тоа што само црквата се издигнува повторно, додека други градби се уништени.
„Свети Никола“ е сѐ уште целосна црква, со истиот изглед како и секогаш, освен тоа што сега е потопена. Имало периоди кога црквата била целосно под вода, но почнала да се издигнува со сушите на почетокот на 21 век. Ништо чудно некогаш повторно во црквата да се палат свеќи и да се оди на молитва.
Црквата „Св. Никола“ 54 години тоне во вештачкото езеро. Храмот е потопен кога се градел хидросистемот Маврово, а оттогаш за неа никој не се грижи и е оставена на забот на времето. Изградена е во 1857 година во тогашното Мавровско Поле, од мермер и од гранит, со мермерен олтар и вреден иконостас и икони од Дичо Зограф. Бидејќи црквата е правена од бигор, во големи блокови, идеја беше таа да се демонтира, да се направи бедем од камен на која повторно ќе се постави и нема да биде во водата. Идејата првпат била образложена на митрополитот полошко-кумановски Кирил. За таа цел бил формиран и организациски одбор на кој бил повикан и митрополитот Кирил. Во одборот имало и претставници од големи фирми, кои сакале да донираат. Но, митрополитот се откажал од идејата и решил да се гради нов манастирски комплекс, чиишто темели беа поставени на 24 мај 2008 година, а старата црква остана и до денес да пропаѓа во водата. Однадвор црквата изгледа многу скромно бидејќи такви биле времињата, не се дозволувало храм да изгледа многу театрално. Внатре има иконостас работен од бел мермер. Преданијата говорат дека на тајфите што ја граделе оваа црква им се плаќало со златници. Не штеделе мавровци, кои во тоа време биле печалбари, за да го изградат светиот храм, кој сега повеќе од половина век е среде езеро. Црквата „Св. Никола“, која се наоѓа на јужната страна на некогашното Мавровско Поле, е под вода уште со полнењето на Мавровско Езеро…
Иако ѕидовите често ѝ се под вода, тие, сепак, одолеваат на временските услови. Постарите мавровци објаснуваат дека во изградбата на црквата бил употребен најквалитетен камен и била изведена посебна мајсторија на ѕидањето на каменот т.н. заб на заб. Сѐ до шеесеттите години на минатиот век во црква „Св. Никола“ се одржувале богослужби. Кон крајот на 1952 година, кога почна да се создава Мавровско Езеро, иконите и другите црковни предмети биле преселени во малата црква што се наоѓа наспроти потопената. При потопувањето на црквата биле заборавени дрвениот иконостас и иконите што ги изработил познатиот зограф од мијачкото село Тресонче – Дичо Зограф, како и книги и други црковни предмети. Подоцна тие се извадени и конзервирани.
Феноменот, светецот или божјата волја не дозволува да исчезне во длабочините на езерото. Таа постојано испливува од водите, а луѓето тоа го објаснуваат прогласувајќи ја за свето место.
Ретко кој има можност да ја посети внатрешноста на црквата „Св. Никола“ во Маврово бидејќи поголемиот дел од годината таа е под вода. Единствено во ретки мигови кога е повлечено езерото може да се влезе во внатрешноста на црквата, која реномираниот медиум од САД „Хафингтон пост“ ја стави на врвот на листата на најубави напуштени цркви во светот.
Ако сакате да избегате од градскиот метеж и да здивнете од работните обврски, а да уживате во природата што ќе ви понуди сто ретки ендемски растени