Потпечен и крцкав КРАЛСКИ КОМПИР

 Одличен избор за главно јадење, посебно кога немате многу време за готвење!Станува збор за многу едноставно, но и многу вкусно и интересно јадење. Одличен избор за главно јадење, посебно кога немате многу време за готвење!
Состојки:
– 1 кг. компири
– половина литар млеко
– една до две кисели павлаки (од по 200 гр.)
– 1 лажица путер
– 2-3 чешниња лук
– рендан кашкавал 
–  сол, бибер
КРЦКАВ ЗАЛАК: Ќе полудите по овој рецепт – Прочитајте ТУКА
Подготовка:
Ставете ги млекото и павлаката во тенџере, почекајте да зовријат, па додајте го путерот и лукот. Потоа додајте ги исечените компири и варете ги околу 5 минути. Зачинете со сол и бибер.
Во меѓувреме земете еден соодветен огноотпорен сад и премачкајте го со путер, па истурете ја во него содржината од тенџерето и на крај посипете ја со рендан кашкавал. Печете додека не стане златно и крцкаво. Пред да го послужите, оставете го јадењето малку да се олади, па потоа уживајте во прекрасниот вкус.
Пријатно јадење.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и сл. можете да најдете на фан страната на НАЈАДИСЕ.МКСтанува збор за многу едноставно, но и многу вкусно и интересно јадење. Одличен избор за главно јадење, посебно кога немате многу време за готвење!

Пронајдете не на следниве мрежи: