Со почетна инвестиција од 4 милиони евра германската компанија „СТС Текстајлс“ влегува во Македонија. Најпрво ќе отвори 50 работни места, а според проекциите на компанијата бројката на нововработени ќе се искачи до 1.000 лица.Министерот Џери Наумоф и управителот на германската компанија Маркус Туц денес го потпиша договорот за инвестирање во Велес.
Како што истакна Наумоф компанијата ќе започне со работа за една до две недели во реновиран објект, а произведениот индустриски текстил ќе се извезува во Полска, Франција и Германија.
Инвестицијата со германската компанија била договорена за околу една година.
Во фабриката во Велес ќе се работи со најсовремена опрема за плетење. Ова го гарантира управителот на компанијата. Тој додава дека ќе го остварат и даденото ветување за идни инвестиции. Ова е нивна прва инвестиција надвор од Германија.
Вицепремиерот Владимир Пешевски истакна дека во изминатите 10 години невработеноста во Велес е намалена за 50 проценти со тенденција за нејзино намалување како резултат на инвестициите и политиките кои ги спроведува владата.
На потпишувањето на договорот присутен беше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.Министерот Џери Наумоф и управителот на германската компанија Маркус Туц денес го потпиша договорот за инвестирање во Велес.
Како што истак