Здружението на граѓани, ХОПС, како дел од меѓународната кампања Support. Don’t Punish. (Подржи не казнувај) спроведува потпишување петиција за финансирање на програмите за намалување на штети од буџетот на Република Македонија. Петицијата може да се потпишe денеска 27 јуни (вторник), од 10 до 18 часот на централниот градски плоштад „Македонија“, а истовремено е достапна и за онлајн потпишување на линкот.Вклучувањето и поддршката на кампањата и нејзините цели, може да се изрази дополнително со фотографирање со логото на кампањата Support. Don’t Punish. Кое може да се најде на линкот а фотографиите да се споделат на социјалните мрежи со хаштаг #SupportDontPunish како и #спасиживоти и на следнава електронска пошта [email protected]“.
„Програмите за намалување на штети од употребата на дроги се исклучително важни од повеќе аспекти и ги сведуваат на минимум негативните ефекти што произлегуваат од употребата на дроги. Досегашното нивно спроведување доведе до само два нови случаи на ХИВ како резултат на инјектирање дроги, во последниве десет години во Македонија, а помалку од 5 отсто од вкупно 315 регистрирани случаи со ХИВ биле луѓе кои инјектираат дроги. Исто така, непостоењето на програмите е сериозна закана за јавното здравје, особено што се однесува на ХИВ и на хепатит Ц и има финансиски импликации. Според пресметките, трошокот за еден клиент во програмите за намалување штети изнесува приближно 155 евра годишно. Наспроти ова, трошокот само за лекови за еден пациент заболен од хепатит Ц изнесува и до 13.194 евра“, изјавуваат од ХОПС.
ХОПС заедно со Платформата за одржливост на програмите за превенција и поддршка на ХИВ во која членуваат 16 здруженија на граѓани, иницираше кампањата „Со клучни одлуки до здрава заедница“ чија главна цел е одржливост на програмите за намалување штети од употреба на дроги во Македонија. Со кампањата се повикуваат носителите на одлуките за продолжување на проектите и програмите кои работат на превенција и унапредување на јавното здравје.
Од министерството за здравство најавија дека заеднички ќе се работи на изнаоѓање системски решенија во оваа област.
Повеќе информации на https://www.facebook.com/hops.org/ или на веб сајтот https://www.kampanja.hops.org.mk/
Вклучувањето и поддршката на кампањата и нејзините цели, може да се изрази дополнително со фотографирање со логото на кампањата Support.