Потписот открива каква личност сте

Вашиот потпис кажува многу за вас, истражувачите во САД утврдиле дека ракописот издава над 5000 карактерни особини. Лукавите имаат нечитлив ракопис, а големи букви користат амбициозните. 
Големи букви-Амбиционзна личност
Колку личноста сака да биде забележана се гледа од големината на буквите. Ако потписот е соодветен на вообичаениот ракопис, односно ако е средна големина, личноста е едноставна. Ако е потписот малку поголем тогаш личноста е самоуверена, храбра и сака да биде забележана. Крупниот ракопис со невообичаено големи букви покажува екставагантност, личност кај која преовладуваат чувствата, изразен нагонски афект. Ситен потпис укажува на потиштеност, недоверливост и незадоволство.
Потпис под линија-родени песимисти
Ако потписот е под линијата за потпис, станува збор за песимистична личност која има потреба за повлекување, ниско расположение, а ако е над линија во прашање е оптимист.
Ако потписот  е закосен налево тогаш личноста е резервирана, опрезна и насочена на иднина. Сопственикот на потпис кој е закосен надесно е личност која е таинствена, склона кон манипулирање и склона кон брзо размислување.
Потпис на средина на линијата-потреба за сигурност
Оптимистите се потпишуваат на десната страна на линијата за потпис, песимистите на левата страна, а додека потписот на средина на линијата означува личност која е неодлучна и бара сигурност.
Иницијали
Повеќето луѓе се потпишуваат со иницијали, тоа се луѓе кои не си го сакаат сопственото име или луѓе кои се склони кон формалности.

 
Нечитлив потпис-Лукава личност
Освен што може да значи дека личноста е лукава и нешто крие, означува и личност која е замислена, во спротивно е неупадлива и префинета.
Заоблени букви – Мирољубив тип
Ако ракописот е со нагласени агли посочува на самодисциплина и јака волја. Тоа е јак, цврст и затворен карактер. Заоблениот ракопис покажува флексибилност, мирољубивост, способност за прилагодувања.
Точка над буква-личност која сака да се истакнува
И точката во потписот има свое значење. Ако станува збор за креативна, округла точка покажува дека личноста сака да се истакнува, ситни мали точки покажуваат на повлеченост и недостаток на енергија. Крупните точки ја покажуваат енергичноста и самодовербата на личноста, а агресијата, неизбалансираноста и бруталноста ја покажуваат искривените, неправилни точки. Рационалноста ја потенцира точка формирана со ротационен потег, а мала точка посочува на завист. Недостаток на точка покажува на површност.
 
  
Големи букви-Амбиционзна личност
Колку личноста сака да биде забележана се гледа од големината на буквите.

Пронајдете не на следниве мрежи: