Потпишување на Ана Бунтеска во Клуб Матица.Во понеделник, 23.01.2017, со почеток во 18.00 часот на Булеварот на книгите, во рамките на Саемот на книгите „Книга во секој дом, реномираната писателка Ана Бунтеска ќе ги потпишува своите дела „Стави лајк на сопствениот живот“ и најновата „Колку е потребно за среќа“.
Куриозитет на оваа средба е роденденот на авторката, а поканата за читателите е книга, вино и торта. Ова ќе биде несекојдневна средба помеѓу автор-читател, средба со насмевки и убави желби.
„колку е потребно за да ти игра срцето
И очите со смеа да ти се наполнат
Колку е потребно да му се насмееш на денот
Та да си читаш навечер кога тивко е
И со книжулето под перница да спиеш…“
Колку е потребно за среќа
„Книга во секој дом“ започна 20ти јануари и ќе трае до 31ви јануари, период во кој посетителите ќе се дружат и запознаваат со младите македонски автори. Клуб Матица го организира овој саем веќе 17 години и истиот го посетуваат повеќе од 30.000 посетители во поголемите градови низ Македонија.
КНИГА ВО СЕКОЈ ДОМ
читај, патувај, откривај, истражувај…Во понеделник, 23.01.2017, со почеток во 18.00 часот на Булеварот на книгите, во рамките на Саемот на книгите „Книга во секој дом, рено