Потрага по малезискиот авион: Научниците пронашле нешто што ги оставило БЕЗ ЗБОРОВИ!

Потрагата по исчезнатиот авион на Малезија Ерлајнс, на летот МХ370, на кој во март минатата година му се изгуби секаква трага, доведе до необично откритие.Имено, експертите со помош на сонар и друга опрема, пронашле остатоци од еден брод на околу 4 километри длабочина во Индискиот Океан.
„Пронајдокот е фасцинантен. Но, тоа не е она што го баравме“, рекол Питер Фоли, водачот на тимот којшто го пребарувал океанот. Тој додал дека сега е скоро сигурно дека авионот не паднал во подрачјето на потрагата, бидејќи би пронашле барем некој негов дел.
„Јасно е дека сме разочарани што сѐ уште не успеавме да го најдеме авионот. Но, ова најново сознание е доказ дека имаме одличен систем, луѓе и опрема кои се обидуваат да ја решат мистеријата. Ќе го пронајдеме авионот ако навистина се сруши во оваа близина“, рекол Фоли.
Досега се пребарани околу 60.000 квадратни километри покрај брегот на западна Австралија, кадешто се смета дека се срушил авионот. Потрагата оди понатаму, бидејќи несреќата на авионот во кој се наоѓале 227 патници и 12 членови на екипажот – и понатаму е нерешлива мистерија.
„Пронајдените остатоци се дел од товарен брод од 19. век“, рекол Мајкл Мекарти, археолог од Австралискиот поморски музеј.
Но, бродот тешко дека би можел да биде идентифициран, бидејќи постојат различни приказни за хаварии на бродовите од тој период, па е тешко да се одреди за кој брод точно станува збор.Имено, експертите со помош на сонар и друга опрема, пронашле остатоци од еден брод на околу 4 километри длабочина во Индискиот Океан.
&bdqu

Пронајдете не на следниве мрежи: