Потрага по скриеното богатство на Путин

Разузнавачките служби со години се сомневаат дека рускиот претседател крие пари.Америка сега им наметнува санкции на руските тајкуни кои наводно му помагаат на Путин да си ги скрие парите.
Кога администрацијата на Барак Обама минатиот месец наметна санкции за некои поединци во Русија, на мета се најде и Генадиј Тимченко, долгогодишен сопственик на нафтената компанија „Ганвор груп“. Во соопштението на американското Министерство за финансии, се спомнува дека Путин инвестирал во „Ганвор“ и дека има пристап кон сметките од компанијата.
Тоа ги подгреа шпекулациите дека рускиот претседател располага со приватно богатство, кои е поголемо од 102.000 долари, колку што пријавил како приход за минатата година. Настојувањата да се обелодени каде се сокриени парите не вродиле со плод, а Путин и понатаму ги негира обвиненијата од новинарите.
– Тоа се само гласини што не вредат за расправа. Чисти глупости. Чепкале нечиј нос и ја размачкаа содржината по своите бедни листови, изјави Путин.
Руските медиуми наведуваат дека Путин го придвижуваат моќта и национализмот, а не материјалната корист. Но, на некои им се упадливи неговите скапоцени часовници и палатата на брегот од морето, за која Кремљ негира дека е изградена токму за него.
Доколку сомненијата дека Путин поседува близу 70 милијарда долари се покажат како оправдани, тоа би значело дека претседателот на Русија е најбогатиот шеф на држава во историјата на човештвото.Америка сега им наметнува санкции на руските тајкуни кои наводно му помагаат на Путин да си ги скрие парите.
Кога администрацијата на Барак

Пронајдете не на следниве мрежи: