Потрагата по мистериозниот боинг откри фасцинантен подморски свет

Повеќе од 70 % од површината на нашата планета е прекриена со вода. Истражен е само мал дел од пространството, а длабочините на океаните кои сокриваат многу тајни, се ушете се мисерија. Ниту подрачјето на Broken Ridge, некои 1.800 километри западно од Австралија, не е исклучок.Немирните води на јужниот индиски окен во последно време се цел за детално мапирање на дното за да може да се пристапи кон барање на остатоците од исчезнатиот малезиски авион НН370. Се претпоставува дека „проколнатиот“ авион се срушил тука, а подрачјето кое треба да се истражи одговара на површината на Хрватска.
Но, за разлика од географските карти на Хрватска, Broken Ridge до сега бил потполно непознат регион. Два истражувачки брода, еден австралиски и еден кинески, го мапирале морското дно со помош на хидролокатор и откриле нов свет на длабоки каљони, импозантни планини и подморски вулкани на длабочина од 2.500 до 5.300 метри.
„Покрај Broken Ridge европските Алпи би изгледале како рид“, вели др. Симон Боксал од универзитетот Саутептон. „Да стоите таму, на дното на морето, над вас би се издигнале планини повисоки од 3 километри кои започнуваат веднаш пред вашиот нос“.
„Овие работи кои на картите посетуваат на мали издигнувања, всушност се планини високи километар и половина, а широки се преку 5 км“, објаснува др, Боксал.

„Доколку ги поставите француските Алпи и Големиот кањон едни до други, совршено би одговарале на еден мал дел од истражено подрачје. Сега можете да замислите колку е доле се големо“.
Процесот на мапирање на подморјето ќе трае 12 месеци, но без детални карти не може да се пристапи кон селедниот чекор во потрагата по исчезнатиот авион. Наскоро на дното на морето ќе се суштат сонди кои со помош на хидролокаторите ќе го пребараат дното, барајќи се што би можело да потсети на МН370. Сондите со кабли, со должина и до 10 километри, ќе бидат прицврстени за бродови кои ќе ги повлечат над морското дно.
„Всушност тоа наликува на лет над морското дно“, објаснува Боксал. „Ако не знаете што се наоѓа таму доле, порано или подоцна, сондата ќе се залета во подводна планина. Тогаш. Не само што ќе останете без опрема вредна милион фунти, туку ќе ја доведете во опасност целата посада на бродот кој ја влече сондата“.
И покрај најмодерната технологија Боксал предупредува дека шансите за пронаоѓање на остатоците се многу мали: „За жал, во еден момент ќе мораме да одлучиме кога е доста. Ќе ни треба многу среќа, бидејќи може да се случи да поминеме точно над остатоците и да не ги забележиме. Океанот е толку голем што потрагата е практично невозможна задача“Немирните води на јужниот индиски окен во последно време се цел за детално мапирање на дното за да може да се пристапи кон барање на остатоците од

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.