Секој понеделник во 20ч.Островот на змиите се наоѓа на брегот на Бразил и на овој остров змиите немаат природни предатори. Се проценува дека на островот живеат помеѓу две и четири илјади змии Bothrops Insularis, што во просек е по една змија на метар квадратен. По легендата, на овој смртоносен остров е сокриено богатството на Инките.
Екипа од врвни истражувачи се враќа на Островот на змиите за да ја продолжат својата потрага за богатството пред камерите на Дискавери каналот. Истражувачите ќе мора да решат сложени математички задачи и мистерии за кои се верува дека ќе го покажат патот до богатството. Истите тие мистерии кои безброј пати имаат спречено други да го најдат богатството. Но, додека престојуваат на најопасното место на светот, најмногу ќе им требаат челични нерви бидејќи еден невнимателен чекор не само што ќе значи да не го пронајдат богатството, туку може да ги чини и живот.
Ќе успеат ли да се приближат до неверојатното откритие?
Дознајте во понеделник во 20 часот на Дискавери.
Островот на змиите се наоѓа на брегот на Бразил и на овој остров змиите немаат природни предатори. Се проценува дека на островот живеат помеѓу две