Потребна е согласност од сите четири партии потписнички покрај двотретинското мнозинство за промена на законот на СЈО

Ед­на од точ­ки­те во плат­фор­ма­та е и ра­бо­та­та на СЈО. Ка­ков е Ва­ши­от став за про­дол­жу­ва­ње­то на 18-те ме­се­ци на СЈО?-Имав­ме пре­го­во­ри ле­то­то 2015 го­ди­на. Си­те 4 пар­тии се до­го­во­рив­ме и пот­пи­шав­ме од­ред­ба со ко­ја СЈО ќе има 18 ме­се­ци за ис­тра­жу­ва­ње и евен­ту­ал­но по­ве­ду­ва­ње об­ви­не­ние ако про­тив не­кој обез­бе­дат до­ка­зи. Ние ис­по­чи­ту­вав­ме с` од тој до­го­вор. Иа­ко во до­го­во­рот сто­е­ше де­ка ќе се наз­на­чи спе­ци­ја­лен ја­вен об­ви­ни­тел, по­доц­на тоа, под над­во­реш­ни вли­ја­ни­ја се про­тол­ку­ва ка­ко це­ла ин­сти­ту­ци­ја со 14 об­ви­ни­те­ли, а еве и 100-ина вра­бо­те­ни.
Ду­ри на­мес­то 18, до­би­ја 3 и пол ме­се­ци екс­тра вре­ме, во пер­и­о­дот по­ме­ѓу 15 сеп­тем­ври и 30 де­кем­ври 2015, ко­га об­јас­ну­ваа де­ка им тре­ба­ло вре­ме да се еки­пи­ра­ат, да на­ба­ват сеф за кре­и­ра­ни­те сним­ки, па мал бил тој сеф ба­раа по­го­лем, па ви­дов­ме де­ка им тре­ба­ло прос­тор кол­ку за три ви­де­о­лен­ти, и слич­ни лаж­ни из­го­во­ри. Во ред, до­би­ја три и пол ме­се­ци по­ве­ќе, пер­и­од во кој тие ра­бо­теа, би­деј­ќи си­те об­ја­ве­ни сним­ки ги имаа на ин­тер­нет и пор­та­ли­те. Два ме­се­ца по­доц­на, во фев­ру­а­ри 2016 го­ди­на, от­пуш­ти­ја две об­ви­ни­тел­ки од вкуп­но 14 об­ви­ни­те­ли со об­раз­ло­же­ние де­ка не­ма­ат тол­ку мно­гу ра­бо­та за тол­ку мно­гу об­ви­ни­те­ли. Јав­но го ка­жаа тоа.
И одед­наш, по не­ко­ја не­де­ла, от­ка­ко прет­ход­но не­кои над­во­реш­ни фак­то­ри ни на­фр­ли­ја де­ка ќе тре­ба про­дол­жу­ва­ње на 18-те ме­се­ци на СЈО, из­ле­зе и са­мо­то СЈО, тоа ис­то­то што еден ме­сец прет­ход­но об­ја­ви де­ка не­ма до­вол­но ра­бо­та за тол­ку мно­гу об­ви­ни­те­ли, со ба­ра­ње и об­рат­на при­каз­на де­ка им тре­ба про­дол­жу­ва­ње на ро­кот. Очиг­лед­но е, од ави­он се гле­да, де­ка ра­бо­тат под су­гес­ти­ја на не­кои ам­ба­са­ди, и очиг­лед­но е де­ка не­ко­му над­вор му тре­ба СЈО за про­дол­жу­ва­ње на кри­за­та во Ма­ке­до­ни­ја, и за др­же­ње во за­лож­ниш­тво на ед­на по­ли­тич­ка пар­ти­ја во Ма­ке­до­ни­ја, имај­ќи во об­ѕир де­ка се фо­ку­си­ра­ни са­мо на ед­на пар­ти­ја, иа­ко, не­ли, се твр­де­ше прет­ход­но де­ка це­ла др­жа­ва би­ла прис­лу­шу­ва­на. Из­ле­зе де­ка са­мо са­ми се­бе сме се прис­лу­шу­ва­ле. Се­то ова го ка­жу­вам за да об­јас­нам де­ка не­ма прав­ни или суш­тин­ски пот­ре­би за про­дол­жу­ва­ње на 18-те ме­се­ци на СЈО, ту­ку има по­ли­тич­ки пот­ре­би на над­во­реш­ни фак­то­ри за­ра­ди ос­тва­ру­ва­ње не­кои дру­ги нив­ни це­ли и ин­те­ре­си. Иде­ја­та за про­лон­ги­ра­ње на 18-те ме­се­ци не по­тек­ну­ва од СЈО. Тоа го знам, не го прет­пос­та­ву­вам.
Од овие при­чи­ни ние до­не­сов­ме од­лу­ка де­ка ВМРО-ДПМНЕ не­ма да се сог­ла­си за про­дол­жу­ва­ње на ро­кот на СЈО и тоа не­кол­ку па­ти го об­ја­вив­ме. Ни­ту, пак, оние две дру­ги ба­ра­ња по­вр­за­ни со За­ко­нот за заш­тит­ни­те све­до­ци и со суд­ско од­де­ле­ние за пред­ме­ти­те на СЈО. Ова бе­ше наш јав­но ис­ка­жан став и пред из­бо­ри­те и по­ве­ќе па­ти за вре­ме на кам­па­ња­та, ко­га гла­са­чи­те ги за­поз­нав­ме со тоа де­ка ние сме про­тив про­дол­жу­ва­ње на 18-те ме­се­ци ман­дат на СЈО.Тоа што го до­го­во­рив­ме го по­чи­ту­ва­ме и пок­рај це­ла­та очиг­лед­ност де­ка СЈО е иде­ја што на За­ев му е сер­ви­ра­на од­над­вор и де­ка тие што ја сер­ви­раа, не­ма­ат цел ра­бо­ти­те ре­ал­но да се ис­тра­жат би­деј­ќи тие одам­на  има­ат прес­лу­ша­но и ис­тра­же­но с`, и свес­ни се де­ка не­ма ни­как­ви ре­ле­ван­тни до­ка­зи за ни­ка­ков кри­ми­нал про­тив фун­кци­о­не­ри­те од ВМРО-ДПМНЕ, ту­ку има­ат пот­ре­ба да ја др­жат зем­ја­та во за­лож­ниш­тво за да ре­а­ли­зи­ра­ат не­кои дру­ги це­ли. Да ре­а­ли­зи­ра­ат не­кои пра­ша­ња за кои по­долг пер­и­од се оби­ду­ва­ат да нај­дат ре­ше­ние и кои се и глав­на­та при­чи­на за­ра­ди кои се соз­да­де кри­за­та ка­ко обид за отс­тра­ну­ва­ње на ВМРО-ДПМНЕ од влас­та.
Про­дол­жу­ва­ње­то на СЈО и на по­ли­тич­ка­та кри­за не е на­чин на кој мо­жат да дој­дат до тие це­ли, нап­ро­тив со про­дол­жу­ва­ње­то на СЈО са­мо мо­же да се до­зап­лет­ка­ат не­кои и она­ка зап­лет­ка­ни ра­бо­ти. Ма­ке­до­ни­ја не­ма ин­те­рес кри­за­та да се про­лон­ги­ра. А со про­лон­ги­ра­ње на ро­ко­ви­те за СЈО со си­гур­ност ќе се про­лон­ги­ра кри­за­та.Наг­ла­су­вам уш­те ед­наш, де­ка ние с` што до­го­во­рив­ме во вр­ска со до­го­во­рот на че­ти­ри­те пар­тии, вклу­чу­вај­ќи го ту­ка и до­го­во­ре­но­то за СЈО, го ис­по­чи­ту­вав­ме и ту­ка ни­кој не мо­же да ни при­го­во­ри. Из­го­во­ри­те де­ка ин­сти­ту­ци­и­те не од­го­ва­ра­ле во за­кон­ски­от рок, па бо­жем за­тоа не­ма­ле вре­ме се не­точ­ни. Нап­ро­тив мно­гу од ин­сти­ту­ци­и­те од страв неш­то да не пог­ре­шат од­го­ва­раа мно­гу по­ра­но од во­о­би­ча­е­ни­те ро­ко­ви за дру­ги пос­тап­ки во ми­на­то­то. Ис­то та­ка, из­го­во­ри­те де­ка има­ло пре­кин во пер­и­од на ам­нес­ти­ја­та се не­точ­ни, би­деј­ќи СЈО во ни­ту еден мо­мент не прес­та­на со ра­бо­та, ни­ту суш­тин­ски ни­ту прав­но.
Ка­ко сте тол­ку си­гур­ни де­ка е тоа во пра­ша­ње, а не тоа што ве­лат?
-Не­ка­де март или ап­рил 2016 го­ди­на, а не­кол­ку па­ти и по­доц­на, ко­га прв­пат ни бе­ше спом­на­то де­ка ќе се ба­ра про­дол­жу­ва­ње на ро­кот, ние по­ну­див­ме ре­ше­ние: ако на­вис­ти­на не мо­жат да пос­тиг­нат вре­мен­ски со ра­бо­та­та, да го зго­ле­мат бро­јот на об­ви­ни­те­ли. На­мес­то пот­реб­ни­те ча­со­ви за сра­бо­ту­ва­ње на за­да­ча­та да се до­би­јат со про­лон­ги­ра­ње на ро­кот, ис­то­то да се пос­тиг­не со по­ве­ќе вра­бо­те­ни лу­ѓе во СЈО кои ќе ги из­ра­бо­тат тие ра­бот­ни ча­со­ви во ис­ти­от рок. И тоа не се при­фа­ти, без да ни по­ну­дат кон­тра­ар­гу­мен­ти. Јас­на е ра­бо­та­та зош­то. Не им е до пот­реб­но­то вре­ме за ра­бо­та, ту­ку им тре­ба вре­ме и СЈО за дру­ги це­ли.
Но, ДУИ пра­ќа сиг­на­ли де­ка не­ма да ко­а­ли­ра со пар­ти­ја што не­ма да под­др­жи про­дол­жу­ва­ње на СЈО. Се­га СЈО е вне­се­но и во за­ед­нич­ка­та плат­фор­ма.
-Пр­во, ќе би­дам до­вол­но ко­рек­тен и ќе се воз­др­жам од тоа да збо­ру­вам кое е мис­ле­ње­то на мно­гу ин­ди­ви­ду­ал­ци на ви­со­ки по­зи­ции од ДУИ кои ко­му­ни­ци­ра­ат со на­ши прет­став­ни­ци и го ка­жу­ва­ат сво­е­то мис­ле­ње на СЈО.
Вто­ро, ако ДУИ не са­ка да ко­а­ли­ра со нас за­ра­ди тоа што не при­фа­ќа­ме про­дол­жу­ва­ње на 18-те ме­се­ци на СЈО, и тоа го пра­ви­ме со сил­ни ар­гу­мен­ти на кои ни­кој не­ма од­го­вор, то­гаш би од­го­во­рил де­ка тие мо­жат да пос­та­пу­ва­ат ка­ко што ќе од­лу­чат. Јас на по­че­то­кот ка­жав, ние не­ма да пра­ви­ме ко­а­ли­ци­ја по се­ко­ја це­на. Се­пак, ДУИ знае де­ка би­ле ние во вла­да­та или во опо­зи­ци­ја, ба­ра­ње­то за СЈО не­ма да се ре­а­ли­зи­ра, би­деј­ќи и до­го­во­рот од ју­ни-ју­ли 2015 го­ди­на и За­ко­нот за СЈО пред­ви­ду­ва­ат де­ка за не­го­ва про­ме­на не е пот­реб­но са­мо двот­ре­тин­ско мно­зин­ство, ту­ку и сог­лас­ност на си­те 4 пар­тии пот­пис­нич­ки.
То­гаш зош­то ДУИ тол­ку при­ти­ска за СЈО?
-За­тоа што спо­ред мо­и­те ин­фор­ма­ции, што не ги до­бив од ДУИ ту­ку од дру­ги за­ед­нич­ки при­ја­те­ли, не­кој и нив ги при­ти­ска. Ка­ко што ги при­тис­каа и нив и ДПА и на пре­го­во­ри­те во ју­ни-ју­ли 2015 да н` ин­фор­ми­ра­ат де­ка ако не се под­др­же­ло ос­но­ва­ње­то на СЈО, ед­ни­те ќе из­лег­ле од вла­да­та, а вто­ри­те не­ма­ло да вле­зат, што во тој мо­мент ќе соз­да­де­ше лим­бо-си­ту­а­ци­ја за зем­ја­та и дол­го­роч­на заг­ла­ве­ност во кри­за­та без да мо­же­ме да из­ле­зе на из­бо­ри и да го пот­вр­ди­ме на­ши­от ле­ги­ти­ми­тет, што се­га ве­ќе не е слу­чај. Се­га бев­ме на из­бо­ри, кои ни­кој не ги ос­по­ру­ва, и има­ме нов ле­ги­ти­ми­тет. Има­ме ја­сен по­бед­ник и по­ра­зен, со јас­ни по­зи­ции во кам­па­ња­та на две­те за мно­гу пра­ша­ња, вклу­чи­тел­но и за СЈО.-Имав­ме пре­го­во­ри ле­то­то 2015 го­ди­на. Си­те 4 пар­тии се до­го­во­рив­ме и пот­

Пронајдете не на следниве мрежи: