Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, обраќајки се пред споменикот на Методија Андонов Ченто по повод 2.август, повика на сплотување на државата во однос на националните и државните интереси, особено на патот кон ЕУ и НАТО, за кој Иванов рече дека е исполнет со уцени кон Македонија.Ако денес Кузман Косифовски Питу и Ченто ја погледнат нашата татковина тие сигурно би биле среќни, но истовремено би биле и огорчени што се уште ни се оспорува слободата за самоидентификација и идентитет. Денес и Македонија и Балканот се слободни од надворешните окупатори, но ниту Македонија ниту Балканот не се целосно слободни додека не бидат интегрирани во европското семејество, рече Иванов.
Според него недостасува втората половина од слободата, а е тоа е Македонија во ЕУ и НАТО.
– Ние сме уценети а цената е висока. Кон нас е направена неправда. Ниту една членка не се соочила со прашањата кои нас не задираат. Од ниту една друга земја членка не се оспорувало правото на самоидентификација. Во изминативе пет години, двајца поранешни претседатели кажаа иста работа. Првиот не предупреди дека со македонизмот не може да се влезе во ЕУ а вториот рече дека Македонија треба да влезе во ЕУ но не и македонизмот. Тие тврдат дека македонизмот е наша лага. Но не е едноставно. Македонизмот е македонството, дел од она што сме, наш образ и идентитет по кој другите не препознаваат како и ние самите пред огледалото. Тоа е нашиот македонски јазик, нашето творештво, нашиот автентичен светоглед. Единствениот начин да ги послушаме нив е да се одречеме од вистината за која се бореле нашите предци, Илинденци и Асномци, забележа Претседателот.
Тој рече дека пред Македонија има два проблеми, а тоа се прашањето за името со Грција и договорот за добрососедство со Бугарија.
– Можеме да постигнеме договор со Грција само во рамките на меѓународното право и меѓународно преземените обврски. Потребно е да се создаде амбиент за решавање на спорот. Вториот дел е договорот со Бугарија. Верувам како соседи ние сме природно упатени кон соработка. Искуството покажа дека сите проблеми на Балканот настануваат кога политичарите се занимаваат со историја а историчарите со политика. Ако започнеме да ги отвораме старите рани, ќе најдеме причини за кавги…Договорот (со Бугарија) е резултат на компромиси кои не можат да ги задоволат сите. Ги повикувам и двете влади да придонесат во ова добрососедство, порача Иванов.
Тој потенцираше дека е подготвен да кохабитира за сите закони на новата Влада кои ќе градат подобра иднина за Македонија.
– Целта на нашите Илинденци, партизани и Асномци, членството во ЕУ бара жртва. Но за таа жртва треба широк национален консензус, ние сме иправени пред повикот на татковината. Не смееме да ги прекршиме принципите на Питу, да ја одржиме конзистентноста на Илинден, да се бориме против новиот фашизам и да се сплотиме околу државните и националните интереси на европска Македонија, рече Иванов во својот говор.
Според Иванов, Македонците треба да го одбранат македонството, бидејќи без него, државата би била само форма без суштина.Ако денес Кузман Косифовски Питу и Ченто ја погледнат нашата татковина тие сигурно би биле среќни, но истовремено б