Не сум паничар, навистина, ама кога стресе, домашните завикаа „земјотрес“ и станувајќи од масата, се сопнав и само чув – крцна коленото, а не успеав ниту да излезам – се повредив во сопствениот дом во обид да избегам…Еве ме во болница, утре ќе ми прават пункција на коленото и не знам уште колку ќе ме задржат. Среќа што не мораше да ме оперираат – раскажува 55-годишна скопјанка, која живее во населбата Железара. Таа е една од потешко повредените во обид да избега веднаш по завчерашниот земјотрес кој во 15.10 часот ги стресе Скопје и околината.
Попладнето била хоспитализирана на одделот за ортопедија во ГОБ „8 Септември“.
-Да знаев што ќе ме снајде, ќе си останев да седам дома, а не сега да лежам во болница – нагласи оваа жена.
Повеќе прочитајте на ДНЕВНИК.Еве ме во болница, утре ќе ми прават пункција на коленото и не знам уште колку ќе ме задржат. Среќа што не мораше да ме оперираат – раскажува