Млада жена, која се доверила на својата мајка откако нејзиното момче станало насилно, се згрозила кога дознала дека нејзината мајка зад нејзиниот грб спиела со нејзиното момче.Челси Хопер (22), ѝ се обратила на својата мајка Јагулина (47) за помош кога нејзиното момче Кевин Скот (35) станало насилено кон неа, пишува The Sun.
Но, наместо да ѝ помогне на нејзината ќерка, таа се пуштила во љубовна афера со Кевин.
– Тоа е најголемото предаство. Беше ужасно да се живее во насилна врска, но кога открив дека мојот дечко е таен љубовник на мојата мајка, тоа ја помина секоја мера. Не сакам да го видам ни да слушнам за него, рекла изневерената девојка.
Челси го запознала Кевин во кафе бар каде работела.
„Беше многу шармантен и постојано ми се наметнуваше. Навистина мислев дека еден ден ќе се омажам за него, вели таа. Кога го запознав со родителите малку се загрижив поради годините“.
Меѓутоа, нејзината мајка рекла дека сѐ е во ред ако таа е среќна.
„Се сеќавам дека мајка ми веднашми рече дека е згоден, вели Челси. Но тогаш веќе почнаа проблемите во врската. Челси во мобилниот на Кевин пронашла пораки од друга жена, но тој секогаш имал подготвено објаснување.
– Кевин полудуваше кога сакав да излезам со пријателите. Расфрлаше по дома и тврдеше дека го изневерувам. Понекогаш и ме удираше. Ми се чинеше дека постојано имам едно сино око, вели Челси.
Таа вели дека нејзината мајка секогаш се грижела за Кевин и дури се нудела да оди да разговара за целата нивна ситуација. Кевин ѝ ветувал на Челси дека ќе се поправи.
Но, тогаш таа ги пронашла пораките на Фејсбук…
– Тоа беа многу валкани пораки. Мајка ми зборуваше како Кевин е добар во креветот. Ми се слоши, станав хистерична. Се соочив со фактот дека има односи со моето момче. Таа се обиде да го порекне, му зборуваше на татко ми дека грешам. Посакав да се убијам, рекла несреќната девојка.
По аферата на Кевин и нејзината мајка, Челси повторно му се вратила:
– Не знаев на кого да верувам па одлучив да му поверувам на моето момче, објаснува таа. Но, набрзо неговото однесување стануваше такво што даваше до знаење дека ме изневерува.
Челси вели дека нејзината мајка по чудни околности исчезнувала до дома, а нејзините сомнежи се потврдиле кога го фатила Кевин во кревет со друга жена.
– Не му беше грижа што го фатив. Тој само запали цигара и продолжи да лежи во креветот. Два дена по Божиќ го оставив и му ги вратив клучевите од станот. Тој ме извлече физички од автомобилот. Кога му ги дадов клучевите, тој ги фрли на мене и ме погоди во око, рекла Челси.
По некое време, мајката на Челси признала дека имала афера со Кевин:
– Бевме заедно само три пати, можеби вкупно 10 минути. Мислам дека ниту еден збор потоа не прозборевме. Се чувствувам виновно и жал ми е. Не знам што ми се случи, веројатно сакав малку внимание бидејќи јас и мојот сопруг долго време немавме секс, изјавила мајката.Челси Хопер (22), ѝ се обратила на својата мајка Јагулина (47) за помош кога нејзиното момче Кевин Скот (35) станало насилено кон неа, пишува


