Една девојка од Газа секојдневно преку социјалните мрежи ја известува јавноста за стравовите кои ги доживува од најновиот и според неа најложиот израелско-палестински конфликт.Фара Бејкер (17) од Газа, одлучила да ги искористи социјалните мрежи за да ги долови сите трагедии од војната и крвавите конфликти кои секојдневно се случуваат на нејзиниот праг.
Таа твитува и пишува блог за животот во Газа уште од 2012 година.
Во своите твитови наведува дека не може да изеде ниту еден оброк на мира, а да не се случат некои детонации или пак да налета на автомобили кои горат во нејзината улица. Таа стравува дека секој нов ден би можел да биде и последен.
Синоќа ракета ја погодила болницата која се наоѓа покрај нејзината зграда:
„Ова е мојот крај. Не можам да престанам да плачам. Би можела да умрам вечерва“, напишала таа на синоќешниот твит.
Таа навела дека во својот живот доживеала три војни, но дека оваа е најстрашна. Исто така, Фара не крие и јавно го поддржува исламистичкото движење Хамас.
I'm 16yrs old and have witnessed 3 wars, as I see, this is the hardest one #Gaza #GazaUnderAttack #GazaUnderFire #AJAGAZA #ICC4Israel
— Guess what (@Farah_Gazan) July 28, 2014
Фара Бејкер (17) од Газа, одлучила да ги искористи социјалните мрежи за да ги долови сите трагедии од војната и крвавите конфликти кои секојдневно



