Самерах Алинеџад, Иранката која го шокираше и го воодушеви светот кога, пред бесилката, му го поштеди животот на убиецот на нејзиниот син, користејќи ја можноста што шеријатското право им ја дава на роднините на жртвата.Наместо да му го турне столчето од под нозете и со тоа да му го одземе животот на човекот кој и го убил синот, таа му урди шлаканица и рече дека му простува спасувајќи го така од смртната казна. Иранката, во интервју за „Гардијан“ раскажала зошто постапила така и како се чувствувала во тие моменти.
– Девет денови пред терминот определен за извршувањето на смртната казна, го сонував син ми како ме моли да не се одмаздувам. Но јас не можев да се натерам да простам. Две ноќи пред терминот повторно го сонував син ми, но тој тогаш одбиваше да разговара со мене. Се уште не можев да простам – кажала таа.
Ноќта пред погубувањето, бројни роднини на убиецот поминале низ нејзината куќа молејќи ја да му прости.
– Бев цврсто убедена дека сакам да биде казнет, така што никој не очекуваше дека ќе му простам – додала мајката.
Ноќта, никој во куќата не можел да спие. Сопругот на неа и препуштил да ја донесе конечната одлука и и кажал: „Препушти му се на Бога па ќе видиме што ќе се случи. Твојот збор ќе биде последен. Ти најмногу страдаше, ќе направиме како што ти ќе кажеш.“
Пред бесилката, убиецот повторно ја молел за милост со зборовите: „Те молам да ми простиш. Заради моите мајка и татко.“
Таа решително му одговорила: „Зарем ти имаше милост кон мајката и таткото на мојот син?“
А тогаш настанал пресврт.
Таа се искачила со убиецот и наместо да го турне столчето, му удрила шлаканица и кажала дека му простува.
– После тоа, почувствував како бесот исчезнува од моето срце. Како крвта повторно да почнала да ми тече низ вените. Почнав да плачам и го повикав сопругот да му го тргне јажето од вратот – рекла таа.
Кога мајката на убиецот се обидела да и ги бакне нозете, таа не и дозволила. Ја зела за рацете и ја кренала…
– И таа е само мајка, како мене, како на некој да му дадов крилја да полета – додала.
Потоа го посетила гробот на својот син.
Преку „Гардијан“, таа испратила порака:
„Млади луѓе не треба да носат ножови. Балал беше наивен. Не сакал да убие. Тоа не му е во природата. Тој во моментот бил лут и имал нож во раката. Ако убиеш некого, нема да умре само тој. Со него умираат и нивните родители. Да се изгуби дете е исто како да изгубиш дел од сопственото тело. Сите овие години се чувствував како мртовец кој оди. Сега чувствувам голем мир. Чувствувам дека желбата за одмазда исчезнала од моето срце, а непознати луѓе кои ги среќавам на улиците ми се обраќаат како на мајка.“Наместо да му го турне столчето од под нозете и со тоа да му го одземе животот на човекот кој и го убил синот, таа му урди шлаканица и рече дека му