Најпознатата српска кошаркарка за прв пат проговорила за семејната трагедија која и денес го прогонува нејзиното семејство.Капитенот на женската кошаркарска репрезентација на Србија, Милица Дабовиќ, овие денови ужива во успехот кој го остварила во текот на Олимписките игри, како и во популарноста која ја стекнала низ спортот. Затоа сега учествува и во модните кампањи и претставува макретинг лице на некои моќни компании.
Сепак, патот до ѕвездите за неа бил трновит и пребродила тешки моменти во животот врзани за семејството. Неодамна била потресена кога нејзиниот брат шверцувал дрога, но во детството Милица минала низ потешка ситуација.
Тешка семејна несреќа ги следела Добровиќ, а Милица за прв пат проговорила дека на нејзините родители им било украдено бебето, кое е родено неколку години пред неа, а и денес не можат да дознаат каде е тоа.
„Тоа била втора бременост на мојата мајка. Пред тоа ја родила мојата сестра Јелица во 1974 година. Две години подоцна имала нормална бременост, девет месеци ја изнела без проблем и само по раѓањето докторите ѝ кажеле дека бебето е мртво. Никогаш не го земала бебето во прегратка, поради што се прашува каде исчезнало тоа дете.
Татко ми тогаш инсистирал да го земе бебето, да го види, но тие никогаш не му дозволиле, бидејќи рекле дека такви биле правилата на болницата. Да ја имале влсата во свои раце можеби би ја нашле. Но во тоа време имало могу афери со кражба на деца. Бебињата биле продавани, но што можеме ние освен да се прашуваме што се случило со него. Сега е невозможно, тоа се случило пред точно 40 години.“
Милица истакнува дека нејзината мајка никогаш не закрепнала и дека секоја ноќ ја сонува својата ќерка која требало да се вика Даница.
„На мајка ми ѝ требаше многу време да закрепне од тоа што се случило. Дури после 6 години ме донела мене на свет. Татко ми инсистирал на повеќе деца, сакал големо семејство бидејќи бил единец. Мајка ми вели доколку било до нејзе никогаш повеќе немало да роди. Таа и понатаму ја сонува секоја ноќ, сестра ми требало да се вика Даница“, раскажала Милица Дабовиќ.Капитенот на женската кошаркарска репрезентација на Србија, Милица Дабовиќ, овие денови ужива во успехот кој го остварила во