Драмата која вчера ја потресе цела Србија, но и регионот, полека почнува да добива филмски размери. Киднапирањето на двегодишното девојче од Белград никого не остави рамнодушен, а српски Телеграф ги дознал и ги пренесува причините поради кои била киднапирана Маша, кои даваат впечаток дека се работи за сценарио на холивудски филм.Верувале или не, Маша била киднапирана за да ја искористат за добивање на старателство над речиси идентично дете кое живеело во Франција, а чија мајка била една од киднаперите од белото BMW. Само благодарение на неверојатната акција на белградската полиција, лудиот план на киднаперите бил спречен.
„Француската полиција упаднала во станот на киднаперите и пронашла дете идентично на двегодишната Маша П.”, рекол соговорникот за српски Телеграф и додал: „Се работи за ќерка на една од киднаперите. Тројцата киднапери кои биле уапсени се од исто семејство. Сандрин Горен (40) и нејзиниот сопруг Мишел Себастијан (46) во Србија се упатиле заедно со нивната ќерка Кристел Еје (26) со намера да го киднапираат девојчето кое неверојатно личи на ќерката од Кристел”.
-Имено, Кристел Еје во Франција е во големи семејни проблеми. Нејзиниот сопруг во бракоразводна парница се обидел да и го одземе детето и да добие исклучиво старателство. Во желбата да докаже дека тој не е биолошкиот татко, семејството киднапери направиле пеколен план: преку интернет пронашле девојче кое неверојатно личи на ќерката од Кристел и одлучиле да ја киднапираат, со пасошот од нивното дете да ја извадат од земјата, да ја одведат во Франција, да направат ДНК тест и така да „докажат” дека таткото на француското дете не е вистинскиот, биолошки татко и на тој начин тој да го изгуби правото на старателство, а детето да и’ припадне на мајката”, рекол изворот, пренесува српски Телеграф.
Дамир Прековиќ вели дека кога пристигнал во Шимановце и кога се доближил до автомобилот во кој се наоѓала неговата ќерка забележал дека киднаперите и дале дрога бидејќи таа била дезориентирана, без никаква реакција и не зборела.
Таткото на девојчето, Дамир за српски Блиц вели дека неговата ќерка ја опиле со седативи.
Дамир вели дека е пресреќен што на крајот Маша е во нивни прегратки, но дека ужасот низ кои поминувале неговото семејство е видлив на неговото лице.
-Се започна кога мојата сопруга, Мирјана се враќала од продавница држејќи го детето во рака. Киднаперите и пришле зад грб. Соседот кој цело киднапирање го гледал од прозорецот од петти кат изјавил дека најпрвин помислил дека киднаперите сакале да ја ограбат Мирјана. Но, за жал тие ни ја земаа ќерката, изјавил Дамир, при тоа додавајќи дека неговата сопруга му се јавила веднаш и дека тој ги повикал сите пријатели кои можат да му помогнат да си го вратат чедото.
Минутите без Маша беа како денови, вели Дамир. Полицијата им поставила милион прашања се со цел да го утврдат мотивот и зошто овие луѓе ја киднапирале нивната ќерка но не успеале да дојдат до точниот одговор.
-Кога полицијата ми прати слика од Маша плачев како мало дете. Во тие моменти повторно се родив. Кога стигнавме на местото ја видов како седи на задното седиште. Ја земав во раце и веќе не ја пуштив. Забележав дека не реагира вообичаено. Не изговори ниту еден збор, беше дезориентирана. Не изговори ниту еден збор кога пристигна и сопругата. Сигурно и дале седативи, додал таткото, при тоа истакнувајќи дека резултатите од хирургија и гинекологија се негативни. Резултатите од токсикологија ќе пристигнат во понеделник.Верувале или не, Маша била киднапирана за да ја искористат за добивање на старателство над речиси идентично дете кое живеело во Франција, а чија ма