Потресна исповед: „Татко ми секојдневно ме силуваше. Ми изврши абортус со игла за плетење“

Кога Холи Дејвис од Есекс влезе во тинејџерските години, нејзината мајка ѝ признала дека е посвоена. Откако светот ѝ се урнал, одлучила да го побара биолошкиот татко, бидејќи биолошката мајка починала.Кога се сретнале прв пат, нејзиниот татко ѝ рекол дека долго го чекал тој момент. Вечерта ја поминале зборувајќи за нивните животи, а на крајот ѝ понудил да живее со него, на што таа се согласила.
„Ајде да си играме мама и тато“
Меѓутоа, додека очајното девојче барало љубов и чувство на припадност, нејзиниот татко имал поинакви планови.
„Едно попладне ми пријде и ги провлече прстите низ мојата коса. Се посомневав, но желбата татко ми да ме сака ме натера да ги исфрлам таквите мисли од глава“ – вели Холи.
Но, неговото болно однесување дури тогаш почнало да излегува на површина. Тој ѝ предложил да си играат „мама и тато“.
„Помислив дека тоа е чудно затоа што имав скоро 14 години, но не сакав да го нервирам“ – вели Холи.

„Ми стави прстен и ми облече венчаница“
Таткото тогаш ѝ дал венчаница и ѝ рекол да ја облече. Кога ја облекла ѝ рекол да легнат на кревет за да ја фотографира, а таа прифатила. Доцна истата вечер, таткото ја отворил вратата од нејзината соба.
„Ќе спијам овде за да можам да бидам со мојата преубава ќерка“ – ѝ рекол.
„Легна покрај мене и почна да ме допира“.
Иако му велела да престане и се обидувала да го оттурне, не успеала. Од тој момент, нејзиниот татко секоја вечер влегувал во собата со иста цел.
Недолго потоа, таткото ја сместил во автомобил и ја однел на изолирано место покрај автопат.
„Ми рече да замолкнам, ме соблече и ме држеше на седиштето. Смо чекав да заврши. Не можев да поверувам дека тоа ми се случува. Мислев дека ме сака“ – вели Холи.
Повторно ја натерал да облече венчаница, ја фотографирал и ѝ ставил прстен велејќи дека сака да му биде жена.
Секојдневното силување продолжило и Холи забременила. Кога дознал, татко ѝ ја натерал да испие шише џин и се обидел да направи абортус со игла за плетење.
„Се сеќавам дека почна да ми тече крв низ бутините. Мора да се испаничи, па одлучи да ме однесе во болница. Кога стигнавме, сакав да врескам и да ѝ кажам на медицинската сестра што ми стори родениот татко“ – вели Холи.
Иако се надевала дека неуспешниот обид за абортус ќе го исплаши нејзиниот татко и дека ќе престане да ја злоставува, Холи на 15 години по втор пат забременила. Родила момче.

Нов почеток
Една вечер куќата останала отклучена, што Холи го искористила за да избега и конечно се спасила. Била решена претрпениот ужас да не ѝ го уништи животот. Одлучила да се запише на факултет, да најде сопствен стан.
Почнала да води нормален живот, родила три ќерки и тогаш почнала да ја прогонува можноста дека нејзиниот татко мачи друго дете. Отишла во полиција и со ДНК анализи било утврдено дека момчето кое го родила и таа имаат татко.
Монструмот е казнет со 16 години затвор, а Холи повторно стапила во контакт со семејството што ја посвоило.
„Никогаш нема да заборавам што ми направи татко ми. Ми го уништи детството“ – вели Холи Дејвис.Кога се сретнале прв пат, нејзиниот татко ѝ рекол дека долго го чекал тој момент. Вечерта ја поминале зборувајќи за нивните животи, а на крајот ѝ п

Пронајдете не на следниве мрежи: