Таткото на тригодишното детенце чие безживотно тело беше исфрлено на турскиот брег стана болен симбол за бегалската криза, упати емотивна порака до јавноста да им ги отвори вратите на Сиријците за време на Божиќните празници.Трагичната судбина на малиот Ајлан Курди кој се удави во море откако се преврте бродот во кој заедно со семејството бегале кон Европа, предизвика гневни реакции во светот.
Во несекојдневна Божиќна порака, која што ќе биде прикажана на британскиот Канал 4, таткото на Ајлан, Абдула Курди, ги повика Британците да „сочувствуваат со страдањата“ на бегалците коишто очајно се обидуваат да дојдат до сигурна дестинација.
„Би сакал целиот свет да им ја отвори вратата на Сиријците. Многу е тешко кога на некого ќе му ја затворат вратата пред носот. Кога вратата е отворена, нема да се чувствуваат понижено“ – вели во пораката очајниот татко.
„Во овој период од годината сакам да ве замолам да размислите за страдањата на татковците, мајките и децата коишто бараат мир и сигурност. Ве молиме да покажете само малку сочувство“ – додал Абдула Курди.
Повеќе од 4 милиони луѓе избегаа од Сирија од почетокот на граѓанската војна, а само оваа година околу 500.000 од нив се обидоа да стигнат до Европа и Северна Америка.
„Ние, Сиријците, ја напуштаме својата земја поради војната. Сите стравуваме за своите деца, за нашето достоинство. Тука се буре-бомбите, експлозиите и Исламската држава. Имаме безброј проблеми.
Моето семејство и јас заминавме во Измир, а оттаму во Бодрум. Влеговме во чамец до Грција, со цел да стигнеме до Германија или Шведска. Бевме на море околу 4-5 минути кога чамецот се преврте и се случи тоа што се случи“.Трагичната судбина на малиот Ајлан Курди кој се удави во море откако се преврте бродот во кој заедно со семејството бегале кон Европа, предизвика г



