Многумина се прашуваа каде е Салвадор Кабањас, врвниот фудбалер од Парагвај, кој во текот на неговата кариера даваше извонредни голови, асистенции и фантастична техника со нозе. На својата 21-годишна возраст неговиот најважен чекор во кариерата го направил откако потпишал за чилеански Аудакс Италиано, а после само две години се сели во мексиканската лига каде што потпишува за Чиапас каде што игра фантастично. Кабањас веднаш бил на „мета“ на богатата и славна Америка. Еден од најпопуларните клубови во Мексико го купува Кабањас за 5 милиони евра, а потоа следува блескав скок во неговата кариера.
Кабањас два пати во Америка го освојува Копа Либертадорес, во 2007-ма година завршува како втор најдобар стрелец во светот и е прогласен за најдобар фудбалер на Парагвај и Јужна Америка.
Како се ближело Светското првенство во Јужноафриканската република, тогашниот чилеански селектор, сегашен тренер на Барселона, Херардо Мартино сметал на услугите на Кабањес кого го гледал како главен адут.
„Имав потпишано пред-договор вреден 1.7 милиони долари. Требаше да заминам во Европа, ми велеа дека Манчестер Јунајтед е мојата следна дестинација. Америка не сакаше да ме пушти, двојно ми ја зголемија платата, ми дадоа луксузни вили во Акапулко и Канкун“, се сеќава Кабањес.
Целиот пресврт се случил на 25ти јануари 2010 година
Додека се забавувал во дискотека во Мексико Сити бил застрелан во глава од страна на нарко дилер. Кабањес немал никаква врска со дрога, целиот настан бил исход на пијана расправија.
Од тој момент едвај се извлекол жив, а подоцна следеле и други проблеми: Го оставила сопругата и децата, која очигледно била со него поради славата. Не настапувал на Светското првенство во Африка.
„Два пати беше жртва. Професионалната кариера му прекина поради инцидентот, а потоа го искористија сопругата и агентот“, огорчено зборува неговиот татко за агенцијата AFP.
„Како што поминува времето, мене ми станува се појасно. Дури и мојот адвокат ме измами. Ме убедуваа дека морам со палецот да потпишувам разни документи. Подоцна мојата сопруга Мери Лоргиа Алонсо ми кажа дека едноставно немаме пари“, вели Кабањас.
Неговата сопруга заминала со нивните деца, а денес живее во луксузна вила од 5 милиони долари. Салвадор Кабањес се вратил во родното место каде што им помага на неговите родители во нивната пекара.
„Разнесувам леб и работата ми се допаѓа. Луѓето ме препознаваат и нормално ми поставуваат прашања во врска со фудбалот. Овде сум, одам понатака, а што друго би правел? Изгубив се, но не престанувам да верувам. Господ ме благослови и ми подари уште еден живот“, заклучува несреќниот фудбалски херој Кабањес во разговор за AFP.На својата 21-годишна возраст неговиот најважен чекор во кариерата го направил откако потпишал за чилеански Аудакс Италиано, а после само две годин