Линда Клер е девојката која учествуваше на маратонот во Бостон кога се случија нападите за кои се сметаат дека се терористички напад.
Таа била на линијата на завршетокот на маратонот по 3 часа и 34 минути. Додека луѓето околу неа ја бодреле со најразлични извици и аплауз, таа ги трошела и последните сили, завршувајќи ја успешно трката.
Но, во моментот кога ја завршила не ни помислила дека ќе биде сведок на она што следувало. Откако се слушнаа пукотини од бомбата, Линда легнала на земјата да се соземе од бучавата. Потоа откако ја кренала главата и погледнала околу себе, чувствувала како да се наоѓа во некој хорор филм.
„Насекаде имаше крв“, опишува Линда за CNN. „Чадот беше насекаде. Го чувствував во моите очи и нос. Откако се соземав, погледнав наоколу да го најдам мојот пријател кој ми даваше поддршка за време на трката. Него го немаше. Погледав околу и видов луѓе кои во крв лежат на улицата и молат за помош. Родители ги бараат своите деца. Пријателите своите пријатели и роднини. Тоа е слика која никогаш нема да можам да ја тргнам од меморијата. Слика која не ја посакувам на никого“, додава преживеаната маратонка Линда Клер.
Таа опишува како делови од човечко тело биле видливи на улицата и насекаде имало крв, што било полошо од она што го гледаме на хорор филмовите.
„Ова не беше хорор филм, ова беше реалност и навистина беше страшно. На никој не посакувам да биде сведок на некој ваков реален хорор филм“, изјави Клер.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Линда Клер е девојката која учествуваше на маратонот во Бостон кога се случија нападите за кои се сметаат дека се теро