Потресна приказна на жртва на насилен маж: „Мислев дека ќе умрам“

Ова се повредите на жената која беше претепана од нејзиниот сопруг, а беа снимени со полициската камера која полицајците ја носеле на нивните униформи во моментот кога одговориле на нејзиниот повик за помош.Во октомври минатата година, полициските камери ги забележале бруталните отоци и натеченото лице на Даун Мармој, а полицаецот опишал дека не видел ништо слично во неговиот живот.
На снимката која ја објави полицијата од Хемпшир, се гледаат полицаец и полицајка како тропнуваат на влезната врата од куќата и им отвора Мајкл Грегори.
Додека лае кучето, се слуша полицајката која прашува дали може да разговара со неговата сопруга.
77-годишниот маж прво одбива да ги пушти полицајците да влезат внатре и ги прашува кој ги повикал.
Но, по извесно време, полицајците влегуваат во нивниот дом, а внатре седи збунетата Даун Мармој (60), која е непрепознатлива од ударите.
Грегори веднаш беше уапсен по инцидентот и во мај годинава конечно ја призна вината. Беше осуден и затворен.
Полицијата сега ја објави снимката од таа кобна вечер, во која Даун ги повикува останатите жртви на насилство да не молчат.

„Имаш свој живот и го заслужуваш. Ваквите луѓе прават да се чувствуваш безвредно и бескорисно, а тоа не е вистина. Тие заслужуваат да бидат казнети, не ти. Но, сѐ додека некому не му кажеш за тоа, или да си кажеш самата себе си дека е доста – тоа ќе продолжи. Направи го тоа што мора да се направи, но немој да чекаш како јас што чекав. Последниот пат кога ме тепаше, помислив `тоа е тоа, вечер ќе умрам`. Мислев на моите деца, на внуците. Сакаше да ме повреди и го стори тоа, но не бев свесна колку ме имаше повредено. Бев исплашена. На снимката се гледа колку бев исплашена. Полицајците би пронашле мртво тело ако не дојделе таа вечер, или само малку ако задоцнеле“ – раскажа Мармој.
Детективот Бен Снагс рече дека ја почитуваат и ѝ се восхитуваат на г-ѓа Мармој поради нејзината одлука да прозбори за насилството за да им даде сила на останатите жртви да прозборат.
„Ги поддржуваме и ги штитиме жртвите како што е Даун . Тие можат да имаат целосна доверба во нас кога го пријавуваат злосторството“ – рече Снагс и додаде дека прицврстените камери на полициските униформи стануваат клучни докази при истрагите.
Во октомври минатата година, полициските камери ги забележале бруталните отоци и натеченото лице на Даун Мармој, а полицаецот опишал дека не видел

Пронајдете не на следниве мрежи: