Случајот на 14-годишниот Афроамериканец Џорџ Стини Јуниор, кој пред 70 години бил осуден на смрт со електрична столица поради убиство на две бели девојчиња, докажа дека правдата некогаш знае да задоцни.Имено,судијката Кармен Мулинс во вторникот го ослободила од вина невиното момче од руралниот дел на Јужна Каролина, кое било осудено бидејќи до смрт претепало две девојчиња: 7-годишната Мери Ен Тејмс и 11-годишната Бети Џун Бинкер во градот Алкол.
Наводно, девојчињата се возеле со велосипед по што им се изгубила секаква трага. Тоа се случило во 1944 година. Нивните тела биле пронајдени во дел од градот каде што живееле црнци, а двете биле убиени со метална шипка. Немало сведоци ниту физички докази, а на момчето за време на судењето му биле скратени уставните права.
„Неговото признавање кое постои во две верзии, се смета дека било изнудено“ – рекла судијката Мулинс, пренесе NBC News.
Братот и сестрата на момчето сведочеле оваа година на судењето на кое повторно се разгледувала пресудата.
„Ми го земаа братот засекогаш, а мајка ми по тој ден повеќе не се насмеа. Би сакала неговото име да биде ослободено од вината” – рекла 78-годишната Ејми Рафнер.
Семејствата на убиените девојчиња се спротивставиле на оваа одлука, објаснувајќи дека останале многу малку материјални докази од првото судење.
Судењето траело само три часа во 1944 година. Во поротата седеле исклучиво белци, а им биле потребни 10 минути да го осудат Стини. Три месеци подоцна, Стини бил пратен на електрично столче.Имено,судијката Кармен Мулинс во вторникот го ослободила од вина невиното момче од руралниот дел на Јужна Каролина, кое било осудено бидејќи до смр



