Потресна приказна: Жената и синот му се удавиле, но тој со денови спасува туѓи животи!

Тој се досели како избеглица од Косово, каде што му го убија семејството. Во сегашните поплави тој ги загуби двегодишниот син и сопругата, но и понатаму има сила да спасува животи.Слободан Недељковиќ Џамбо (25), ги загуби сопругата и двегодишниот син во поплавите кои ја зафатија Србија, но сепак со денови ги спасува животите на луѓето низ поплавениот Обреновац.
Кога настапија поплавите, Недељковиќ го однесе своето семејство во Велико Поље, мислејќи дека таму ќе бидат на сигурно. Поради брзото надоаѓање на водата, тие се качија на покривот, а таткото на неговата сопруга отишол назад во куќата по ќебе. Кога се вратил на покривот, тие повеќе не биле таму.
Тој се обиде да ги пронајде во прифатилиштата низ Белград, надевајќи се дека не се удавиле, туку дека ги спасил некој чамец. За жал, се` уште ги нема пронајдено.
„Сега им помагам на другите и се надевам дека барем ќе ги најдам нивните тела, за да ги погребам како што треба“, изјави Недељковиќ, племенитиот младич кој веќе со денови не спие и го спасува исплашениот народ.Слободан Недељковиќ Џамбо (25), ги загуби сопругата и двегодишниот син во поплавите кои ја зафатија Србија, но сепак со денови ги спасува животите

Пронајдете не на следниве мрежи: